Лек: Гардасил

  • ATC код:J07BM01
  • Компанија:Мерк Шарп&Дохме ИДЕА ГмбХ Луцерн Швајцарија - Претставништво Скопје
  • Доза:суспензија за инјектирање (10 вијали х 0,5 ml/кутија)
Превенција на премалигни ано-генитални лезии (цервикални, вулварни, вагинални и анални) и цервикален и анален канцер каузално поврзан со одреден тип на онкоген Human Papillomavirus (HPV)
Генитални брадавици (condyloma acuminata) асоцирани со специфични HPV типови.

Human papillomavirus vaccine (types 6, 11, 16, 18) претставува адјувантна не-инфективна рекомбинантна вакцина која содржи вирусоидни (virus-like) честички (VLPs) на главниот капсидел L1-протеин на онкогените типови на HPV 6, 11, 16 и 18. Бидејќи VLPs не содржат вирусна DNA, тие не можат да инфицираат клетки, да се размножуваат и/или да предизвикаат болест.

Вакцината се аплицира во облик на интрамускулна инјекција, најсоодветно во делтоидниот предел на горниот екстремитет или високо во предната бочна област на бутот.

Деца на возраст од 9 – 13 години
  • Вакцината се аплицира според 2-дозен режим – 0,5mL на 0, 6 месеци; ако втората доза од вакцината е аплицирана порано од 6 месеци по првата доза, секогап треба да се даде и трета доза;
  • Алтернативно, вакцината се аплицира според 3-дозен режим – 0,5mL на 0, 2, 6 месеци.
Деца на возраст над 14 години
  • Вакцината се аплицира според 3-дозен режим – 0,5mL на 0, 2, 6 месеци; втората доза од вакцината се аплицира најмалку 1 месец по првата доза, а третата доза се аплицира најмалку 3 месеци по втората доза.
  • Хиперсензитивност кон human papillomavirus vaccine (types 6, 11, 16, 18);
  • Акутна сериозна фебрилна болест.
Комбинирана бустер вакцина која содржи дифтерија (d), тетанус (Т) и пертусис [acellular] (pa), со или без инактивиран полиомиелитис (IPV), (dTpa-IPV-вакцини)
  • Секвенцијална администрација на комбиниран dTpa-IPV проследено со human papillomavirus vaccine (types 6, 11, 16, 18) еден месец подоцна покажува понизок степен на геометриски титар на антитела анти-HPV-16 и анти-HPV-18. 

Нема влијание.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на human papillomavirus vaccine (types 6, 11, 16, 18) за време на бременост.

Доење
  • Не се препорачува доење за време на употреба на human papillomavirus vaccine (types 6, 11, 16, 18).

Нема податоци.

Многу чести
  • Главоболка, еритем, болка и едем на местото на инјектирање.
Чести
  • Наузеа, болка во екстремитетите, пирексија, хематом и пруритус на местото на инјектирање.
Помалку чести

/

Ретки

/

Многу ретки

/

Непознато
  • Целулитис на местото на инјектирање, идиопатска тромбоцитопенична пурпура, лимфаденопатија, реакции на хиперсензитивност (вклучително и анафилактички / анафилактоидни реакции), акутен дисеминиран енцефаломиелитис, вертиго, Џулиан-Бареов синдром, синкопа (најчесто пропратена со тонично-клонични движења), вомитус, артралгија, мијалгија, астенија, морници, замор, слабост.

Нема пријавени случаи на предозирање.

Нема податоци. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:J07BM01
Генерично име:human papillomavirus vaccine (types 6, 11, 16, 18)
Латинично име:Human papillomavirus vaccine (types 6, 11, 16, 18) suspension for injection
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:суспензија за инјектирање (10 вијали х 0,5 ml/кутија)
Производител:Мерк Шарп&Дохме ИДЕА ГмбХ Луцерн Швајцарија - Претставништво Скопје
Носител на одобрение:MERCK SHARP & DOHME B.V., Харлем, Холандија