Лек: Кресемба

  • ATC код:J02AC05
  • Компанија:ЦАРСО ПХАРМА ДООЕЛ
  • Доза:200mg прашок за концентрат за раствор за инфузии
Инвазивна аспергилоза
Мукормикоза

Isavuconazole претставува антифунгален агенс кој го манифестира својот фунгициден ефект преку механизам на инхибиција на биосинтезата на ергостерол, кој е основна компонента на клеточната мембрана на фунгите. Инхибицијата на биосинтезата на ергостеролот настанува преку механизам на инхибиција на ензимот цитохром-Р-450-зависна ланостерол 14-алфа-деметилаза, која го посредува конвертирањето на ланостерол во ергостерол; како резултат на тоа, токсичните метилирани стеролни прекурсори, како што се 14-алфа-метилиран ланостерол, 4,14-диметилзимостерол и 24-метилендихидроланостерол се акумулираат во фунгалната цитоплазма поради дисрупција на клеточната мембрана.

Ударна доза
  • Препорачана ударна доза на isavuconazole е една вијала по реконституција и разредување, што е еквивалентно на 200mg isavuconazole, на секои 8 часа, во првите 48 часа од спроведувањето на терапијата. 
Доза на одржување
  • Препорачана ударна доза на isavuconazole е една вијала по реконституција и разредување, што е еквивалентно на 200mg isavuconazole, еднаш дневно, започнувајќи од 12 – 24 часа по последната ударна доза.
Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
  • Нема податоци. 
Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесна до умерена хепатална инсуфициенција;
  • Потребно е прилагодување на дозата кај пациенти со тешка хепатална инсуфициенција.
  • Хиперсензитивност кон isavuconazole;
  • Истовремена употреба на кетоконазол;
  • Истовремена употреба на ритонавир (> 200mg на секои 12 часа);
  • Истовремена употреба на силни индуктори на CYP450 3A4, како што се рифампицин, рифабутин, карбамазепин, долго-делувачки барбитурати (фенобарбитал), фенитоин и кантарион, или со умерени индуктори на CYP450 3A4, како што се ефавиренз, нафцилин и етравирин;
  • Пациенти со семејна историја на краток QT-синдром.
Инхибитори на CYP450 3A4 или CYP450 3A5
  • Истовремената употреба на isavuconazole со инхибитори на CYP450 3A4 или CYP450 3A5, како што се кетоконазол, допинавир / ритонавир, кларитромицин, индинавир и сакинавир, може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на isavuconazole
Индуктори на CYP450 3A4 или CYP450 3A5
  • Истовремената употреба на isavuconazole со индуктори на CYP450 3A4 или CYP450 3A5, како што се рифампицин, рифабутин, карбамазепин, долго-делувачки барбитурати (фенобарбитал), фенитоин, кантарион, ефавиренз, нафцилин и етравирин, може да резултира со намалување на плазматската концентрација на isavuconazole.
Супстрати на CYP450 3A4 или CYP450 3A5
  • Истовремената употреба на isavuconazole со супстрати на CYP450 3A4 или CYP450 3A5 може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на овие лекови.
Супстрати на CYP450 2B6
  • Истовремената употреба на isavuconazole со супстрати на CYP450 2B6 може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на овие лекови.
Супстрати на Р-гликопротеин
  • Истовремената употреба на isavuconazole со супстрати на Р-гликопротеин може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на овие лекови.
Супстрати на BCRP (breast cancer resistance protein)
  • Истовремената употреба на isavuconazole со супстрати на BCRP може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на овие лекови.
Супстрати на транспортерот на органски катјони тип 2 (ОСТ2)
  • Истовремената употреба на isavuconazole со супстрати на транспортерот на органски катјони тип 2 (ОСТ2) може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на овие лекови.
Супстрати на уридин дифосфат-глукуронозилтрансферази (UGT)
  • Истовремената употреба на isavuconazole со супстрати на уридин дифосфат-глукуронозилтрансферази (UGT) може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на овие лекови.

Нема влијание.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на isavuconazole за време на бременост.

Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со isavuconazole.

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести
  • Хипокалиемија, намален апетит, делириум, главоболка, поспаност, тромбофлебитис, диспнеа, акутна респираторна слабост, вомитус, дијареа, наузеа, абдоминална болка, покачени серумски нивоа на хепатални ензими, осип, пруритус, ренална инсуфициенција, градна болка, замор, реакција на местото на инјектирање.
Помалку чести
  • Неутропенија, тромбоцитопенија, панцитопенија, леукопенија, анемија, хиперсензитивност, анафилактична реакција, хипомагнеземија, хипогликемија, хипоалбуминемија, неухранетост, депресија, инсомнија, конвулзии, синкопа, вертиго, парестезија, вертиго, атријална фибрилација, тахикардија, брадикардија, палпитации, атријален флатер, EKG со скратен QT-интервал, суправентрикуларна тахикардија, вентрикуларни екстрасистоли, суправентрикуларни екстрасистоли, циркулаторен колапс, хипотензија, бронхоспазам, тахипнеа, хемоптиза, епистакса, диспепсија, констипација, абдоминална дистензија, хепатомегалија, хепатитис, петехија, алопеција, реакција на лекови, дерматитис, болки во грбот, периферен едем, астенија, нелагодност.
Ретки

/

Многу ретки

/

Непознато

/

Симптоми
  • Главоболка, вертиго, парестезија, поспаност, нарушување на вниманието, дисгеузија, сува уста, дијареа, орална хипоестезија, вомитус, топли бранови, вознемиреност, немир, палпитации, тахикардија, фотофобија и артралгија.

Третман
  • Супортивен и симптоматски третман.

Се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:J02AC05
Генерично име:isavuconazole
Латинично име:Isavuconazole powder for concentrate for solution for infusion
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:200mg прашок за концентрат за раствор за инфузии
Производител:ЦАРСО ПХАРМА ДООЕЛ
Носител на одобрение:Almac Pharma Services (Ireland) Limited, Дандалк, Ирска, Almac Pharma Services Limited, Крајгавон, Обединето Кралство