Идиопатска пулмонарна фиброза
Pirfenidone претставува антифибротик кој делува преку механизам на олеснување на продукцијата на трансформирачкиот фактор на раст β1 (TGF- β1) – клучен профибротик и проинфламаторен цитокин вклучен во идиопатската пулмонарна фиброза. Со супресија на TGF- β1, pirfenidone ја инхибира TGF- β1-индуцираната диференцијација на пулмонарните фибробласти во миофибробласти, со што се превенира прекумерна синтеза на колаген и прекумерна продукција на екстрацелуларен матрикс. Дополнително, pirfenidone ја инхибира и активноста на други проинфламаторни цитокини, како што се: тумор-некротизирачки фактор α (TNF-α), интерлеукин-1 (IL-1), IL-6 и интерферон γ (IFN-γ).
Во случај на предозирање, се препорачува примена на симптоматски и супортивен третман.
Поради можност од појава на замор и вертиго, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.