Симптоми на долниот уринарен тракт асоцирани со бенигна хиперплазија на простатата
Tamsulosin претставува блокатор на α-1А и α-1D адренорецепторите кои се наоѓаат во простатата; со блокирање на овие рецептори доаѓа до релаксација на мазната мускулатура на простатата и до олеснување на уринарниот проток. Со блокирање на α-1D адренорецепторите доаѓа до релаксација на m.detrusor на ниво на мочниот меур, со што се спречува уринарна ретенција.
Препорачана дневна доза на tamsulosin е 0,4mg.
Tamsulosin е контраиндициран за употреба кај жени.
Се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.