Paricalcitol е синтетски, биолошки активен витамин D аналог на калцитрол со модификации во страничниот ланец и прстенот. Тој е селективен витамин D рецеторен активатор кој селективно врши нагорна регулација на рецепторите чувствителни на калциум во паратироидните жлезди. Како резултат на тоа, paricalcitol го намалува нивото на паратироидниот хормон преку инхибиција на паратироидната пролиферација и намалената синтеза и секреција на паратироидниот хормон.
Oдредувањето на дозата на paricalcitol се врши според индивидуализиран пристап, врз основа на базалните вредности за паратироидниот хормон и се администрира како интравенска болус доза, не почесто од секој втор ден, во тек на дијализата.
Табела 1. Прилагодување на дозата
|
Прилагодување на дозата за 2 – 4 неделни интервали
|
|
iPTH ниво во однос на базалното ниво
|
Прилагодување на дозата
|
|
Исто или зголемено
|
Зголемување за 2 – 4 mg
|
|
Намалено за < 30%
|
|
Намалено за 30 – 60 %
|
Одржување на дозата
|
|
Намалено за > 60%
|
Намалување за 2 – 4 mg
|
|
IPTH < 15,9 pmol/L (150 pg/mL)
|
Нема пријавени случаи на предозирање.
Поради можност од појава на зашеметеност, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.