Воден раствор на mannitol и sorbitol за локална примена, наменет исклучиво за интра- и постоперативно испирање на мочниот меур. Растворот не содржи електролити и е хипотоничен (178 mOsmol/L) со pH 5.5 – 6.5.
Sorbitol, mannitol се применува исклучиво трансуретрално и служи само за испирање, а не за интравенско вбризгување или интравенска инфузија.
Нема клинички значајни интеракции.
Хиперволемија, пулмонарен едем, дехидратација на ткивата, хиперсензитивност, мачнина, вомитус, полидипсија, главоболка, вертиго, треска, тахикардија, болка во градите, хипонатриемија, дехидратација, заматен вид, уртикарија и хипотензија или хипертензија, ренална инсуфициенција, лактатна ацидоза и хиперурикемија.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.