Лек: Лаксан

  • ATC код:A06AB02
  • Компанија:РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ СКОПЈЕ
  • Доза:10mg супозитории
Краткотраен третман на констипација
Хронична или акутна констипација
Празнење на цревата пред хируршки или радиолошки процедури

Bisacodyl е лаксатив со локално дејство од групата на деривати на дифенилметан со двојно дејство. Како контактен лаксатив, ја стимулира мукозата на колонот и на ректумот, што последователно ја зголемува перисталтиката на колонот и предизвикува акумулирање на вода и електролити во луменот на колонот. Ова доведува до иницијација на дефекација, намалување на транзиторното време и омекнување на столицата. Покрај зголемениот мотилитет, стимулацијата на ректумот доведува и до зголемено чувство на ректална исполнетост.

Краткотраен третман на акутна или хронична констипација
  • Препорачана доза на bisacodyl за возрасни пациенти е 1 супозиторија (10mg) дневно, за постигнување на моментално дејство; 
  • Препорачана доза на bisacodyl за педијатриски пациенти на возраст од 4 - 10 години е 1 супозиторија (5mg) дневно, за постигнување на моментално дејство.
Подготовка за дијагностички процедури и предоперативно
  • Препорачана доза на bisacodyl за возрасни пациенти е 2 таблети (10mg) дневно, администрирана наутро и 2 таблети (10mg) администрирани навечер, пред прегледот, во комбинација со 1 супозиторија (10mg), администрирана наутро, пред прегледот; 
  • Препорачана доза на bisacodyl за педијатриски пациенти на возраст од 4 - 10 години е 1 таблета (5mg) администрирана навечер, проследено со администрација на 1 супозиторија (10mg), администрирана наутро, пред прегледот.
  • Хиперсензитивност кон bisacodyl
  • Пациенти кои имаат илеус, интестинална опструкција, акутни абдоминални заболувања, вклучувајќи апендицитис, акутна инфламаторна интестинална болест, како и силни абдоминални болки пропратени со мачнина и вомитус; 
  • Состојби на тешка дехидратација.
Антациди
  • Истовремената употреба на bisacodyl со антациди може да резултира со појава на диспепсија или гастрична иритација.
Диуретици, адренокортикостероиди
  • Истовремената употреба на bisacodyl со диуретици или адренокортикостероиди може да го зголеми ризикот од електролитен дисбаланс.
Млечни производи
  • Истовремената употреба на bisacodyl со млечни производи може да резултира со појава на диспепсија или гастрична иритација.
Бременост
  • Не се препорачува употреба на bisacodyl за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со bisacodyl.

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести
  • Абдоминални спазми, абдоминална болка, дијареа, наузеа.

Помалку чести
  • Вртоглавица, крвав фецес, вомитус, абдоминална нелагодност, аноректална нелагодност.

Ретки
  • Анафилактички реакции, ангиоедем, реакции на хиперсензитивност, дехидратација, синкопа, колитис. 
Многу ретки

/

Непознато

/

Симптоми
  • Дијареа, абдоминални спазми, значителен губиток на течности и дехидратација и електролитен дисбаланс, хронична дијареа, абдоминална болка, хипокалиемија, секундарен хипералдостеронизам и развој на ренални калкули, оштетување на реналните тубули, метаболна алкалоза и мускулна слабост. 
Третман
  • Индукција на емеза или гастрична лаважа; 
  • Надомест на течности и корекција на електролитниот дисбаланс; 
  • Администрација на спазмолитици.

Поради можност од појава на вртоглавица и синкопа, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:A06AB02
Генерично име:bisacodyl
Латинично име:Bisacodyl suppositories
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:10mg супозитории
Производител:РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ СКОПЈЕ
Носител на одобрение:РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ СКОПЈЕ, Скопје, Р. Северна Македонија