Лек: ФЕИБА

  • ATC код:B02BD03
  • Компанија:ФАРМИКС дооел
  • Доза:500U/20mL прашок и вехикулум за раствор за инфузија
Третман на епизоди на крварење кај пациенти со хемофилија А со инхибитори
Третман на епизоди на крварење кај пациенти со хемофилија Б со инхибитори
Третман на епизоди на крварење кај пациенти кои не се хемофиличари, а кои имаат стекнати инхибитори кон фактор VIII на коагулација
Профилакса кај пациенти со хемофилија А со инхибитори, кои во минатото имале епизоди на сигнификантни крварења или се под зголемен ризик од појава на сигнификантни крварења

FEIBA е составена од прокоагулантни фактори на коагулација во неактивен облик кои се дел од протромбинскиот комплекс (протромбин, фактор VII, фактор IX, фактор X) и антикоагуланс (протеин С) во релативно еднакви количини со активноста на една Интернационална Единица на FEIBA, но концентрацијата на прокоагулантните ензими е релативно ниска. FEIBA содржи проензими за активација на факторите на коагулација од протромбинскиот комплекс, но со многу ниски концентрации на нивните активирани форми, а највисока е концентрацијата на активираниот фактор VII.

FEIBA го контролира крварењето со индукција и олеснета активација на факторите на коагулација од процесот на синтеза на тромбин – процес при кој формирањето на протромбиназа комплексот е од најголема важност. Тромбинот ги активира факторите на коагулација V, VII и VIII, а ова резултира со олеснето формирање на крвен коагулум, со што се спречува крварењето.

Најприфатен протокол за дозирање е доза од 50 – 100 U/kg телесна тежина; единечна доза од 100 U/kg телесна тежина и максимална дневна доза од 200 U/kg телесна тежина не треба да бидат надминати, освен ако обилноста на крварењето бара администрација на повисоки дози.

Брзината на инфундирање не смее да надмине 2 U/kg телесна тежина во минута.

Спонтани крварења
Зглобно, мускулно и мекоткивно крварење
  • Доза од 50 – 75 U/kg телесна тежина на 12-часовен интервал кај деца со лесни или умерено тешки крварења; третманот треба да трае сé до намалување на болката, намалување на отокот или зголемување на зглобната подвижност. За тешки мускулни или мекоткивни крварења, како и за ретроперитонеални крварења се препорачува доза од 100 U/kg телесна тежина на 12-часовен интервал.
Мукозно крварење
  • Доза од 50 U/kg телесна тежина на секои 6 часа; доколку крварењето не запира, дозата може да се зголеми на 100 U/kg телесна тежина, меѓутоа максималната дневна доза од 200 U/kg телесна тежина не смее да се надмине.
Други тешки крварења
  • Доза од 100 U/kg телесна тежина на 12-часовен интервал за третман на тешки и обилни крварења, како што е мозочното крварење; во одредени случаи, FEIBA може да се администрира на секои 6 часа, сé до постигнување на клинички значајно подобрување кај пациентот, меѓутоа максималната дневна доза од 200 U/kg телесна тежина не смее да се надмине.
Хируршки интервенции
  • Доза од 100 U/kg телесна тежина може да се администрира преоперативно, а дополнителна доза од 50 – 100 U/kg телесна тежина може да биде администрирана по 6 – 12 часа. Како доза на одржување за постоперативна администрација, доза од 50 – 100 U/kg телесна тежина може да биде администрирана на 6 – 12-часовен интервал. Максималната дневна доза од 200 U/kg телесна тежина не смее да биде надмината.
Профилакса кај пациенти со хемофилија А со инхибитори
Профилакса на крварење кај пациенти со висок титар на инхибитори и чести крварења по неуспешна индукција на имуна толеранција (ITI) или во случај каде ITI не е преземена
  • Доза од 70 – 100 U/kg телесна тежина, секој втор ден; по потреба, дозата може да се зголеми на 100 U/kg телесна тежина дневно или да биде намалена, соодветно.
Профилакса на крварење кај пациенти со висок титар на инхибитори за време на индукција на имуна толеранција (ITI)
  • FEIBA може да се администрира заедно со фактор VIII, во доза од 50 – 100 U/kg телесна тежина, двапати на ден, сé додека титарот на инхибитори на фактор VIII не се намали под 2 БE*. 

*БЕ – Бетесда Единица е дефинирана како количина на антитела која инхибира 50% од активноста на фактор VIII во инкубирана плазма (2 часа на Т +37⁰С)

Посебни популации
Педијатриска популација
  • Истите дози како и кај возрасните треба да бидат прилагодени соодветно на клиничкиот статус на секој поединечен педијатриски случај.
  • Хиперсензитивност кон FEIBA;
  • Дисеминирана интраваскуларна коагулација (ДИК);
  • Акутна тромбоза или емболизам (вклучувајќи и миокарден инфаркт).
Системски антифибринолитици
  • Да се избегнува истовремена употреба на FEIBA со системски антифибринолитици, како што се:

Трансексемична киселина

Аминокапроична киселина

бидејќи истовремената употреба на FEIBA со системски антифибринолитици може да резултира со појава на тромбоемболиски настани. Препорачливо е антифибринолитици да не се употребуваат 6 – 12 часа по администрацијата на FEIBA.

Рекомбинантен фактор VIIа
  • Истовремената употреба на FEIBA со рекомбинантен фактор VIIa може да резултира со појава на тромбоемболиски настани.

Нема податоци. 

Употребата на FEIBA за време на бременост и доење е строго ограничена, имајќи предвид дека бременоста и постпарталниот период поседуваат зголемен ризик од појава на тромбоемболиски настани и други компликации кои може да се јават за време на бременоста, а кои се поврзани со зголемен ризик од појава на дисеминирана интраваскуларна коагулација (ДИК).

Нема податоци. 

Многу чести

/

Чести
  • Хиперсензитивност, главоболка, вртоглавица, хипотензија, осип, позитивен тест за присуство на антитела кон надворешната обвивка на хепатит Б вирусот.
Помалку чести

/

Ретки

/

Многу ретки

/

Непознато
  • Дисеминирана интраваскуларна коагулација (ДИК), зголемување на титарот на инхибитори, уртикарија, анафилактички реакции, парестезии, хипестезии, тромботични инсулти, емболусни инсулти, сомноленција, лош вкус во устата, миокарден инфаркт, тахикардија, тромбоза, артериска тромбоза, венска тромбоза, емболизам (тромбоемболиски компликации), хипертензија, црвенило, белодробен емболизам, бронхоспазам, свирење во градите, кашлица, диспнеа, повраќање, дијареа, абдоминален дискомфорт, гадење, чувство на отрпнатост на лицето, ангиоедем, уртикарија, пруритус, болка на местото на инјектирање, малаксаност, чувство на топлина, морници, треска, болки во градите, чувство на нелагодност во градите, хипотензија.

Во случај на предозирање може да дојде до манифестација на тромботички и тромбоемболиски настани (вклучувајќи ДИК, миокарден инфаркт, венска тромбоза и пулмонална емболија).

Нема влијание.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:B02BD03
Генерично име:factor VIII inhibitor bypassing activity
Латинично име:Factor VIII inhibitor bypassing activity (FEIBA) powder and solvent for solution for infusion
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:500U/20mL прашок и вехикулум за раствор за инфузија
Производител:ФАРМИКС дооел
Носител на одобрение:Baxter AG, (Industriestrasse 67) Виена, Австрија, Takeda Manufacturing Austria AG, Виена, Австрија