Лек: Вентор

  • ATC код:M01AX17
  • Компанија:РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ СКОПЈЕ
  • Доза:100mg таблети
Третман на акутна болка и примарна дисменореја

Nimesulide е селективен COX-2  инхибитор кој делува преку механизам на инхибиција на синтеза на проинфламаторните простагландини. 

Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
Педијатриска популација
  • Употребата на nimesulide кај деца под 12-годишна возраст е контраиндицирана.
Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата на nimesulide кај пациенти со лесно до умерено ренално оштетување; 
  • Употребата на nimesulide кај пациенти со сериозно ренално оштетување е контраиндицирана. 
Пациенти со хепатално оштетување
  • Употребата на nimesulide е контраиндицирана. 
  • Хиперсензитивност кон nimesulide
  • Претходна историја на хиперсензитивност кон ацетилсалицилна киселина или други НСАИЛи; 
  • Претходни хепатотоксични реакции на nimesulide;
  • Истовремена експозиција на други потенцијално-хепатотоксични супастанци; 
  • Алкохолизам, зависност од дрога или лекови; 
  • Пациенти со гастроинтестинално крварење или перфорација асоцирани со третман со НСАИЛи; 
  • Пациенти со рекурентна активна хеморагија / пептичен улкус или хеморагија /пептичен улкус во анамнезата на пациентот; 
  • Пациенти со цереброваскуларно крварење или друг тип на крварење како и нарушувања кои може да се потенцијално проследени со крварење; 
  • Пациенти со тешки нарушувања на коагулацијата; 
  • Пациенти со тешка кардијална, ренална и хепатална инсуфициенција; 
  • Пациенти со треска / симптоми на грип; 
  • Деца на возраст под 12 години; 
  • Трет триместар од бременост и доење. 
Останати НСАИЛи и ацетилсалицилна киселина
  • Истовремената употреба на nimesulide со НСАИЛи или ацетилсалицилна киселина го зголемува ризикот за гастроинтестинално крварење.
Кортикостероиди
  • Истовремената употреба на nimesulide со кортикостероиди го зголемува ризикот за појава на улцерации и крварење.
Диуретици, АКЕ-инхибитори, ангиотензин II рецепторни антагонисти
  • Истовремената употреба на nimesulide со овие лекови може да доведе до намалување на  терапевтското дејство на антихипетензивните лекови и до потенцирање на симптомите на ренална инсуфициенција. 
Антикоагуланси
  • Истовремената употреба на nimesulide со антикоагуланси го зголемува ризикот од крварење.
Антитромботици
  • Истовремената употреба на nimesulide со антитромботици го зголемува ризикот од гастроинтестинално крварење.
Селективни инхибитори на серотонинското ре-преземање (SSRIs)
  • Истовремената употреба на nimesulide со лекови од групата на селективни инхибитори на серотонинското ре-преземање (SSRIs) го зголемува ризикот од гастроинтестинално крварење.
Фуросемид
  • Истовремената употреба на nimesulide со фуросемид го намалува ефектот на фуросемидот.
Литиум
  • Истовремената употреба на nimesulide со литиум резултира со намалување на клиренсот на литиум и последователна манифестација на неговите токсични ефекти. 
Метотрексат
  • Истовремената употреба на nimesulide со метотрексат резултира со зголемување на плазма-концентрацијата на метотрексат и потенцирање на неговите токсични ефекти.

Нема податоци.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на nimesulide за време на бременост. 
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со nimesulide.

Употребата на nimesulide кај жени во репродуктивен период е контраиндицирана. 

Многу чести

/

Чести
  • Дијареа, наузеа, вомитус, покачени нивоа на хепатални ензими.
Помалку чести
  • Вертиго, хипертензија, диспнеа, опстипација, флатуленција, пруритус, кожен осип, прекумерно потење, едеми.
Ретки
  • Анемија, еозинофилија, хиперсензитивност, хиперкалиемија, анксиозност, нервоза, кошмари, заматен вид, тахикардија, крварење, промени во крвниот притисок, еритема, дерматитис, дисурија, хематурија, чуство на нелагодност, астенија.
Многу ретки
  • Тромбоцитопенија, панцитопенија, пурпура, анафилакса, главоболка, сонливост, енцефалопатија (Reye-ов синдром), визуелни нарушувања, зашеметеност, астма, бронхоспазам, гастритис, абдоминална болка, диспепсија, стоматитис, гастроинтестинално крварење,,дуоденален улкус, гастричен улкус и перфорации, хепатитис, фулминантен хепатитис, жолтица, холестаза, уртикарија, ангиоедем, фацијален едем, еритрема мултиформе, Stevens-Johnson-ов синдром, токсична епидермална некролиза, уринарна ретенција, ренална инсуфициенција, олигурија, интерстицијален нефритис, хипотермија.
Непознато

/

Симптоми
  • Сонливост, инертност, наузеа, вомитус, епигастрична болка.
Третман
  • Индукција на емеза и/или администрација на активен јаглен (60-100 mg кај возрасни) или осмотски лаксативи доколку се применат во рок од 4 часа по предозирање; 
  • Се препорачува и симптоматска или помошна терапија.

Поради ризик од појава на поспаност, вртоглавица и зашеметеност, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини. 

Задолжително проверете го рокот на употреба,начинот и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:M01AX17
Генерично име:nimesulide
Латинично име:Nimesulide tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:100mg таблети
Производител:РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ СКОПЈЕ
Носител на одобрение:РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ СКОПЈЕ, Скопје, Р. Северна Македонија