Лек: Золедронска киселина Тева

  • ATC код:M05BA08
  • Компанија:ПЛИВА дооел
  • Доза:4mg / 5mL концентрат за раствор за инфузија (1 пластична вијала х 5 ml/кутија)
Превенција на настани асоцирани со скелетно оштетување
  • Патолошки фрактури, спинална компресија, зрачење или хируршки интервенции на коската или хиперкалциемија индицирана од тумор кај возрасни пациенти со напреднати малигнитети кои вклучуваат и коскени метастази.
Тумор-индуцирана хиперкалциемија

Zoledronic acid претставува лек од групата на бифосфонати и делува како инхибитор на коскената ресорпција. Zoledronic acid предизвикува апоптоза на хематопоетските туморски клетки преку механизам на инхибиција на активноста на компонентите од мевалонат патеката, како фарнезил дифосфат синтетаза, фарнезил дифосфат и геранилгеранил дифосфат.  

Препорачаната доза на zoledronic acid за превенција на настани поврзани со “оштетување ”на скелетот кај пациенти со напредни малигнитети е 4mg на секои 3 - 4 недели. Дополнително, кај овие пациенти се препорачува перорална администрација на 500mg калциум дневно и 400 IE витамин D дневно.

За време на спроведување на третманот со zoledronic acid (пред и по администрација), пациентите треба да бидат добро хидрирани. 

Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
Педијатриска популација
  • Нема податоци.
Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
Тумор-индуцирана хиперкалциемија
  • Препорачана поединечна доза на zoledronic acid е 4mg.

Превенција на настани асоцирани со скелетно оштетување

Табела 1. Прилагодување на дозата во зависност од реналната функција 

Креатинин клиренс (mL/min)

Препорачана доза 

> 60

4.0mg

50 - 60

3.5mg

40 - 50

3.0mg

30 - 40

3.0mg

 

Аминогликозиди и диуретици кои делуваат на Хенлеова петелка
  • Истовремената употреба на zoledronic acid со потенцијални нефротоксични агенси како аминогликозиди или диуретици кои делуваат на Хенлеова петелка како што е фуросемидот може да го зголемат ризикот од нефротоксичност. 
Талидомид
  • Истовремената употреба на zoledronic acid со талидомид може да резултира со ренална дисфункција. 

Нема податоци.

  • Хиперсензитивност кон zoledronic acid
  • Бременост и доење;
  • Хипокалциемија; 
  • Тешко ренално нарушување со креатинин клиренс < 35 mL/min.

Употребата на zoledronic acid е контраиндицирана. 

Не се препорачува употреба на zoledronic acid кај жени во репродуктивен период. 

Многу чести
  • Хипофосфатемија.
Чести
  • Зголемени серумски нивоа на креатинин и уреа, хипокалциемија, треска, синдром сличен на грип (вклучувајки замор, слабост и црвенило), ренално оштетување, коскена болка, мијалгија, артралгија, генерализирана болка, наузеа и вомитус, намален апетит, конјунктивитис, главоболка, анемија.
Помалку чести
  • Хипомагнезиемија, хипокалиемија, астенија, периферен едем, реакции на местото на инјектирање (вклучувајќи болка, иритација, едем, индурација), болка во градите, обезност, анафилактична реакција / шок, уртикарија, акутна ренална инсуфициенција, хематурија, протеинурија, пруритус, раш (вклучувајќи еритематозен и макуларен раш), прекумерно потење, дијареа, констипација, абдоминална болка, диспепсија, стоматитис, сува уста, диспнеа, кашлица, бронхоконстрикција, заматен вид, склеритис и  воспаление на орбитата, тромбоцитопенија, леукопенија, ансиозност и нарушување на сонот, вртоглавица, парестезија, дисгеузија, хипоестезија, хиперестезија, тремор, сомноленција.
Ретки
  • Панцитопенија, ангионевротичен едем, конфузија, увеитис, брадикардија, срцева аритмија, интерстицијална пулмонарна болест, артритис и едем на зглобовите како симптом на акутна фаза, хиперкалиемија, хипернатриемија.
Многу ретки
  • Остеонекроза на надворешниот аудитивен канал (несакана реакција на бисфосфонати) и други анатомски локалитети, вклучувајќи бедро и колк, еписклерити, конвулзии, хипоестезија и тетанија.
Непознато

/

Во случај на предозирање и појава на хипокалциемија, се препорачува администрација на инфузија на калциум глуконат.

Поради можност од појава на вртоглавица и поспаност, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:M05BA08
Генерично име:zoledronic acid
Латинично име:Zoledronic acid concentrate for solution for infusion
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:4mg / 5mL концентрат за раствор за инфузија (1 пластична вијала х 5 ml/кутија)
Производител:ПЛИВА дооел
Носител на одобрение:PHARMACHEMIE B.V., Харлем, Холандија, TEVA Pharmaceutical Works Private Limited Company , Годоло, Унгарија, TEVA Operations Poland Sp. Z.o.o., Краков, Полска