Лек: Факту

  • ATC код:C05AD
  • Компанија:МАКЕДОНИЈАЛЕК доо
  • Доза:(10mg/50mg)1g маст
Третман на хемороиди придружени со симптоми на воспаление и крварење, анални фисури, анални рагади, анален јадеж (анален пруритус) и анален егзем кој е предизвикан од аноректални состојби
Третман на рани кои се појавуваат по спроведување на проктолошки операции
Policresulen
  • Policresulen е високо-молекуларна органска киселина со селективни протеин-преципитирачки карактеристики. Policresulen врши коагулација на некротичното или патолошки променетото ткиво во услови на аноректални патолошки состојби и го исфрла од телото. Поликрезуленот се однесува како локален хемостатик кој ги коагулира крвните протеинии предизвикува констрикција на малите крвни садови. Бидејќи policresulen поседува анјонска природа, тој може да интерреагира со фосфолипидните молекули на плазма-мембраните на оштетените клетки, кои инаку го загубиле својот оригинален полнеж. Ваквата интеракција резултира со коагулација на крвните протеини, а со тоа, крварењето на аналниот канал и во перианалниот регион брзо се контролира. Истовремено, policresulen индуцира реактивна хиперемија на третираната заболена површина и на тој начин врши стимулација на заздравувањето и забрзувањето на ре-епителизацијата. Антисептичниот ефект на policresulen превенира секундарна инфекција на раните во аноректалниот регион.
Cinchocaine hydrochloride
  • Cinchocaine претставува локален анестетик кој реверзибилно и локално ги намалува чувствителноста и капацитетот на сензорните нерви. Cinchocaine врши инхибиција на иницијацијата и кондуктивноста на нервните импулси преку механизам на намалување на пропустливоста на мембраната на невроните за јони на натриум со директно блокирање на натриумовите канали. Со ова, доаѓа до реверзибилна стабилизација на клеточната мембрана и инхибиција на деполаризација.

Маста се аплицира со помош на апликатор, 2-3 пати на ден на заболеното место. Кога се употребува ректално, треба да се аплицира по дефекација.

  • Хиперсензитивност кон policresulen;
  • Хиперсензитивност кон cinchocaine.

Нема податоци.

Нема податоци.

Бременост
  • Лекот може да се употребува за време на бременост само доколку е тоа неопходно.
Доење
  • Нема податоци кои се поврзани со употребата на лекот за време на доење.

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести

/

Помалку чести
  • Непријатност (т.е печење или јадеж). 
Ретки

/

Многу ретки
  • Појава на изолирани случаи на алергиска контактна чувствителност манифестирана како воспалително зацрвенување на кожата (еритем) со формирање на везикули (папули) придружени со постојан јадеж (пруритус), појава на изолирани случаи на алергиски реакции кои влијаат на целото тело (на пр. болно отекување на кожата и ткивото, јадеж), појава на анафилакса.
Непознато

/

Нема податоци.

Нема влијание. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:C05AD
Генерично име:cinchocaine, policresulen
Латинично име:Policresulen, cinchocaine hydrochloride ointment
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:(10mg/50mg)1g маст
Производител:МАКЕДОНИЈАЛЕК доо
Носител на одобрение:TAKEDA GmbH, Синген, Германија