Icodextrin е гликозен полимер кој се однесува како осмотски агенс кога се аплицира интраперитонеално при континуирана амбулаторна перитонеална дијализа. Icodextrin делува преку механизам на зголемување на осмотскиот притисок во меѓуклеточните простори, што резултира со транскапиларна ултрафилтрација; ова се случува поради минималната апсорпција на икодекстринот на ниво на перитонеалната мембрана.
Лекот е наменет исклучително за интраперитонеална употреба.
Лекот се препорачува за употреба во тек на подолги периоди на мирување, т.е при континуирана амбулаторна перитонеална дијализа преку ноќ, а при автоматизирана перитонеална дијализа во тек на подолго дневно мирување.
Посебни популацииВозрасни
- Преку интраперитонеална апликација, органичена на единечна размена во секој 24-часовен интервал, како дел од континуирана амбулаторна перитонеална дијализа или автоматизирана перитонеална дијализа;
- Волуменот кој треба да се инстилира се дава во период од 10-20 минути, со брзина која му одговара на самиот пациент;
- Во случај кога инстилираниот волумен предизвикува дискомфорт како резултат на абдоминална дистензија, потребно е намалување на инстилираниот волумен;
- Препорачаното време за истекување на дијализатот е помеѓу 6 – 12 часа при континуирана амбулаторна перитонеална дијализа и 14 – 16 часа при автоматизирана перитонеална дијализа..
Возрасни пациенти со нормална телесна тежина
- Инстилираниот волумен не треба да надминува 2,0L.
Возрасни пациенти со поголема телесна тежина (над 70-75kg)
- Се употребува волумен на полнење од 2,5L.
Повозрасни пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Концентрацијата во крвта на некои дијализабилни лекови може да биде намалена со дијализата.
Континуирана апликација на повеќе од една кеса Icodextrin раствор за перитонеална дијализа во 24-часовен период може да доведе до покачување на плазматската концентрација на јаглехидратните метаболити и малтозата, па се очекува да се јави покачување на осмолалноста на плазмата.
Кај пациентите во краен стадиум на тешка бубрежна болест кои се на третман со перитонеална дијализа може да се јават несакани ефекти кои може да ја ограничат можноста за возење или ракување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.