Лек: Мепивастесин

  • ATC код:N01BB03
  • Компанија:МАК МЕДИКА доо
  • Доза:3% раствор за инјектирање
Локална или регионална анестезија во одонтостоматологијата

Mepivacaine претставува локален анестетик кој врши блокада на спроведувањето на нервните импулси преку механизам на зголемување на прагот на толеранција на ексцитацијата на невроните и намалување на акциониот потенцијал на нервните клетки. 

Препорачана доза на mepivacaine е 300mg по сесија.

Педијатриска популација
  • Препорачана доза на mepivacaine за деца на возраст над 4 години е 0,025 mL/kg телесна тежина.
  • Хиперсензитивност кон mepivacaine
  • Сериозно атриовентрикуларно нарушување кое не е компензирано со пејсмејкер; 
  • Неконтролирана епилепсија; 
  • Минлива акутна порфирија.
Гванетидин
  • Истовремената употреба на mepivacaine со гванетидин и сродни супстанци може да резултира со значително зголемување на артерискиот притисок. 
Халогени анестетици
  • Истовремената употреба на mepivacaine со лесно-испарливи халогени анестетици може да резултира со појава на сериозна вентрикуларна аритмија.
Имипрамински антидепресиви
  • Истовремената употреба на mepivacaine со имипрамински антидепресиви може да резултира со напад на хипертензија асоцирано со аритмии. 
Серотонинергици
  • Истовремената употреба на mepivacaine со серотонинергици (норадренергични антидепресиви) може да резултира со хипертензија асоцирана со аритмии. 
Селективни МАО-А-инхибитори
  • Истовремената употреба на mepivacaine со селективни МАО-А-инхибитори (моклобемид, толоксатон) може да ја зголеми опасноста од засилени хипертензивни ефекти. 

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на mepivacaine за време на бременост. 
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со mepivacaine

Нема податоци.

  • Нервоза, вознемиреност, поспаност, тремор, страв, трепкање со очите, неразбирливо зборување, главоболка, мачнина, тинитус, наизменично забрзано дишење последено со забавено дишење што може да доведе до апнеа.

Во случај на предозирање, пациентот треба да се постави во лежечка положба; во случај на појава на конвулзии, се препорачува вентилација и инјектирање на бензодиазепин.

Поради можност од појава на вртоглавица, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:N01BB03
Генерично име:mepivacaine
Латинично име:Mepivacaine solution for injection
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:3% раствор за инјектирање
Производител:МАК МЕДИКА доо
Носител на одобрение:3 M Deutschland GmbH, Сифилд, Германија