Лек: Апфекто

  • ATC код:S01BC10
  • Компанија:Ворлд Медицине Илач Санаји Ве Тиџарет Аноним Ширкети/ Р.Турција-Подружница Скопје,Р.Македонија
  • Доза:0,3% капки за очи, суспензија
Постоперативна болка и воспаление асоцирано со операција на катаракта
Намалување на ризикот од постоперативен макуларен едем асоциран со операција на катаракта
  • Применливо кај пациенти со дијабетес мелитус. 

Nepafenac претставува нестероиден антиинфламаторен лек кој делува преку механизам на инхибиција на активноста на циклооксигеназите COX-1 и COX-2, со што се спречува продукција на проинфламаторни цитокини. Со навлегување во корнеата, nepafenac се конвертира во неговиот активен облик - амфенак, кој е одговорен за фармаколошкото дејство.

Препорачана доза на nepafenac е 1 капка во конјунктивалното кесе на заболеното око, на секои 8 часа, почнувајќи еден ден пред операцијата за катаракта.

На денот на операцијата и во наредните 21 дена се продолжува со апликација на nepafenac

Со цел намалување на ризикот од постоперативен макуларен едем асоциран со операција на катаракта, се препорачува апликација на 1 капка nepafenac во конјунктивалната кеса на заболеното око дневно.

Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
Педијатриска популација
  • Не се препорачува употреба на nepafenac кај педијатриски пациенти.
Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
Пациенти со хепатално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
  • Хиперсензитивност кон nepafenac
  • Хиперсензитивност кон други НСАИЛи; 
  • Пациенти со напади на астма, уртикарија или акутен ринитис предизвикани од НСАИЛи.
Простагландински аналози
  • Не се препорачува истовремена употреба на nepafenac со простагландински аналози. 
Локални НСАИЛи и локални стероиди
  • Истовремената употреба на nepafenac со локални НСАИЛи или локални стероиди може да го зголеми потенцијалот за проблеми со заздравувањето.

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на nepafenac за време на бременост. 
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со nepafenac

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести

/

Помалку чести
  • Кератитис, точкаст кератитис, алергиски конјунктивитис, болка во очите, чувство на туѓо тело во окото, појава на крусти на работ на очниот капак, корнеален епителен дефект, хипертензија.
Ретки
  • Хиперсензитивност, вертиго, главоболка, наузеа, заматен вид, фотофобија, суво око, блефаритис, очен пруритус, очен исцедок, хиперлакримација, алергиски дерматитис, дерматохалаза, иритис, хороидална ефузија, корнеални депозити, окуларна болка и непријатност, алергиски конјунктивитис, конјунктивална хиперемија.
Многу ретки

/

Непознато
  • Улцеративен кератитис, истенчување на корнеата, корнеална нејасност, корнеална лузна, нарушено заздравување (корнеално), намалена видна острина, окуларен едем, окуларна иритација, окуларна хиперемија, вомитус, хипертензија, корнеална перфорација.

Нема пријавени случаи на предозирање.

Поради можност од заматување на видот и појава на други визуелни нарушувања, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:S01BC10
Генерично име:nepafenac
Латинично име:Nepafenac eye drops, suspension
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:0,3% капки за очи, суспензија
Производител:Ворлд Медицине Илач Санаји Ве Тиџарет Аноним Ширкети/ Р.Турција-Подружница Скопје,Р.Македонија
Носител на одобрение:World Medicine Ilac San ve Tic. A.S., Истанбул, Турција