Aкутна инфективна дијареа (вирусна или бактериска)
Превенција и третман на дијареа и колитис предизвикани од антибиотици
Заштита од повторно појавување на инфекција со Clostridium difficile
- Применливо во комбинација со ванкомицин и метронидазол.
Превентивен третман на дијареа предизвикана од хранење преку цевка
Синдром на иритабилен колон
Патувачка дијареа
Saccharomyces boulardii е супституција за интестиналната флора и делува како микроорганизам против дијареа во дигестивниот тракт.
Препорачана дневна доза на saccharomyces boulardii e 50 - 250 mg, на секои 6 часа.
Педијатриска популација
- Препорачана доза на saccharomyces boulardii кај педијатриски пациенти над 3-годишна возраст е 1 кесичка на секои 12 часа;
- Препорачана доза на saccharomyces boulardii кај педијатриски пациенти под 3-годишна возраст е 1 кесичка дневно.
Дијареа асоцирана со СИДА
- Препорачана дневна доза на saccharomyces boulardii е 3000mg.
Не се препорачува истовремена употреба на saccharomyces boulardii со храна која е многу топла, смрзната храна и/или алкохол.
Нема пријавени случаи на предозирање.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.