Insulin aspart претставува биосинтетски, рекомбинантен брзо-делувачки облик на инсулин, кој делува преку механизам на врзување за инсулинските рецептори; инсулинскиот рецептор претставува хетеротетрамер кој е составен од две екстрецелуларни α-единици и две трансмембрански β-единици. Со врзување на insulin aspart за α-субединицата на инсулинскиот рецептор, доаѓа до стимулација на активноста на тирозин киназата и фосфорилација на многу супстрати на инсулинските рецептори, како Cbl, APS, Shc и Gab1. Aктивацијата на овие протеини резултира со активација на сигналните молекули како протеин-инозин киназа тип 3 (PI3-киназа) и Аkt; Аkt ја регулира активноста на глукозниот транспортер GLUT4 и протеин-киназата С кои се вклучени во метаболните процеси во организмот, особено во метаболизмот на глукозата.
Се применува индивидуализиран пристап на дозирање.
Insulin aspart се администрира во облик на супкутана инјекција во абдоминалниот ѕид, бутната регија или надлактицата (кратко супкутано инјектирање во период од 0 - 15 минути), пред или набргу по оброкот, или во облик на континуирана инфузија во рамки на областите за инјектирање.
Препорачаната вкупна дневна доза на insulin aspart се движи од 0,5 - 1,0 Е/kg телесна тежина.
Посебни популацииПостари пациенти
- Потребно е прилагодување на дозата.
Пациенти со ренално оштетување
- Потребно е прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Insulin aspart може да се користи кај адолесценти и деца на возраст над 1 година;
- Се препорачува да се администрира пред почетокот на оброкот (0-2 минути), со можност да се администрира до 20 минути по почнувањето на оброкот кога постои неизвесност во однос на внесот на оброкот.
Пациенти со хепатално оштетување
- Потребно е прилагодување на дозата.
Дијабетес мелитус тип 1
- Препорачаната почетна доза на Insulin aspart е околу 50% од вкупната дневна доза на инсулин и треба да се подели помеѓу оброците врз основа на големината и составот на оброците, вообичаено, се применува доза од 0,2 - 0,4 Е/kg телесна тежина дневно.
Дијабетес мелитус тип 2
- Препорачаната дневна доза на Insulin aspart е 4 единици на еден или повеќе оброци.
Лекови кои може да ја намалат потребата од insulin aspart Лекови кои може да ја намалат потребата од инсулин се:
- Орални антидијабетици (GLP-1-рецепторни агонисти);
- МАО-инхибитори;
- β-блокатори;
- АКЕ-инхибитори;
- Салицилати;
- Анаболни стероиди;
- Сулфонамиди.
Лекови кои може да ја зголемат потребата од insulin aspart Лекови кои може да ја зголемат потребата од инсулин се:
- Орални контрацептиви;
- Тиазиди;
- Гликокортикоиди;
- Тироидни хормони;
- Симпатомиметици;
- Соматотропен хормон;
- Даназол.
β-блокатори
- Истовремената употреба на insulin aspart со β-блокатори може да резултира со маскирање на симптомите на хипогликемија од страна на β-блокаторите.
Октреотид / лантреотид
- Октреотид / лантреотид може да ја намалат или да ја зголемат потребата од insulin aspart.
Алхохол
- Истовремената употреба на insulin aspart со алкохол може да го интензивира или да го редуцира хипогликемиското дејство на insulin aspart.
Поради можност од појава на хипогликемија, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.