Лек: Викламид

  • ATC код:S01EC04
  • Компанија:ЛЕК - СКОПЈЕ Лек д.д. Љубљана дооел
  • Доза:10 mg/mL капки за очи, суспензија
Окуларна хипертензија
Глауком со отворен агол

Brinzolamide претставува високо-специфичен, реверзибилен, некомпетитивен инхибитор на карбоанхидразата - ензим кој ја катализира реакцијата на формирање на бикарбонатни јони од вода и јаглерод диоксид. Инхибицијата на карбоанхидразата на цилијарно ниво резултира со намалување на флуидниот проток, со што се намалува окуларниот притисок.

Препорачана доза на brinzolamide е една капка во конјунктивалното кесе во заболеното око, на секои 12 часа.

Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
Педијатриска популација
  • Не се препорачува употреба на brinzolamide кај педијатриски пациенти.
Пациенти со ренално оштетување
  • Не се препорачува употреба на brinzolamide кај пациенти со ренално оштетување.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Не се препорачува употреба на brinzolamide кај пациенти со хепатално оштетување.
  • Хиперсензитивност кон brinzolamide;
  • Хиперсензитивност кон сулфонамиди; 
  • Сериозно ренално оштетување; 
  • Хиперхлоремична ацидоза. 
Орални инхибитори на карбоанхидраза
  • Истовремената употреба на brinzolamide со орални инхибитори на карбоанхидраза може да предизвика нарушување на ацидо-базната рамнотежа. 
Инхибитори на CYP450 3A4
  • Истовремената употреба на brinzolamide со кетоконазол, итраконазол, клотримазол, ритонавир или тролеандромицин може да резултира со инхибиција на метаболизмот на brinzolamide и негова акумулација во организмот.

Нема влијание.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на brinzolamide за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со brinzolamide.

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести
  • Заматен вид, окуларна иритација, окуларна болка, чувство на туѓо тело во окото, окуларна хиперемија, дисгеузија.
Помалку чести
  • Назофарингитис, фарингитис, синузитис, еритропенија, хиперхлоремија, апатија, депресија, депресивно расположение, намалено либидо, кошмари, нервоза, дисфункционалност во моториката, амнезија, вертиго, парестезија, главоболка, ерозија на рожницата, кератитис, точкаст кератитис, кератопатија, талог во очите, боење на рожницата, епителијален дефект на рожницата, епителијално нарушување на рожницата, блефаритис, окуларен пруритус, конјунктивитис, окуларен едем, блага инфекција на жлездите на очните капаци, отсјај, фотофобија, алергиски конјунктивитис, птеригиум, пигментација на белката, астенопија, окуларна непријатност, окуларна хиперсензитивност, синдром на суви очи, ксерофталмија, субконјунктивална циста, конјунктивална хиперемија, пруритус на очните капаци, хиперлакримација, кардио-респираторни нарушувања, брадикардија, палпитации, диспнеа, епистакса, орофарингеална болка, фаринго-ларингеална болка, ларингитис, синобронхијален синдром, ринореа, кивање, езофагитис, дијареа, наузеа, вомитус, диспепсија, болка во горен абдомен, абдоминална непријатност, флатуленција, зголемена перисталтика на колонот, гастроинтестинални нарушувања, орална хипоестезија, орална парестезија, сува уста, црвенило, макулопапиларен осип, затегнатост на кожата, болки во грбот, мијалгија, мускулни спазми, ренална болка, еректилна дисфункција, болка, непријатност во градите, замор, абнормално чувство, туѓо тело во окото.
Ретки
  • Инсомнија, нарушена меморија, поспаност, корнеален едем, диплопија, намалена острина на видот, фотопсија, хипоестезија, периорбитален едем, глауком, зголемување на соодносот кај оптичкиот нерв и дискот, тинитус, ангина пекторис, аритмија, бронхијална хиперреактивност, конгестија на горниот респираторен тракт, синусна конгестија, назална конгестија, кашлица, назална сувост, уртикарија, алопеција, генерализиран пруритус, болка во градите, нервоза, астенија, раздразливост.
Многу ретки

/

Непознато
  • Ринитис, хиперсензитивност, намален апетит, тремор, хипоестезија, агеузија, нарушувања на рожницата, нарушен вид, окуларна алергија, мадароза, нарушување на очните капаци, еритем на очните капаци, вертиго, аритмија, тахикардија, хипертензија, хипотензија, астма, абнормален тест за хепаталната функција, дерматитис, еритема, артралгија, болка во екстремитетите, полакиурија, периферен едем, малаксаност.

Во случај на предозирање се препорачува примена на симптоматски и супортивен третман.

Поради можност од заматување на видот или други визуелни нарушувања, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:S01EC04
Генерично име:brinzolamide
Латинично име:Brinzolamide eye drops, suspension
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:10 mg/mL капки за очи, суспензија
Производител:ЛЕК - СКОПЈЕ Лек д.д. Љубљана дооел
Носител на одобрение:LEK farmacevtska druzba d.d., Љубљана, Словенија, SALUTAS Pharma GmbH, Барлебен, Германија, LEK farmacevtska druzba d.d, Лендава, Словенија, Aeropharm Pharma GmbH, Рудолштад, Германија