Brinzolamide претставува високо-специфичен, реверзибилен, некомпетитивен инхибитор на карбоанхидразата - ензим кој ја катализира реакцијата на формирање на бикарбонатни јони од вода и јаглерод диоксид. Инхибицијата на карбоанхидразата на цилијарно ниво резултира со намалување на флуидниот проток, со што се намалува окуларниот притисок.
Препорачана доза на brinzolamide е една капка во конјунктивалното кесе во заболеното око, на секои 12 часа.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Не се препорачува употреба на brinzolamide кај педијатриски пациенти.
Пациенти со ренално оштетување
- Не се препорачува употреба на brinzolamide кај пациенти со ренално оштетување.
Пациенти со хепатално оштетување
- Не се препорачува употреба на brinzolamide кај пациенти со хепатално оштетување.
Во случај на предозирање се препорачува примена на симптоматски и супортивен третман.
Поради можност од заматување на видот или други визуелни нарушувања, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.