Timolol е неселективен β-адренергичен антагонист кој ja намалува секрецијата на интраокуларната хумор преку механизам на намалување на дотурот на крв до цилијарното тело, со што го намалува окуларниот притисок.
Препорачана доза на timolol e 1 капка која се откапува во заболеното око на секои 12 часа.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Препорачана доза на timolol за третман на примарна конгенитална и примарна јувенилна глаукома е 1 капка која се откапува во заболеното око на секои 12 часа.
Пациенти со ренално оштетување
Пациенти со хепатално оштетување
Поради можност од појава на вертиго, визуелни нарушувања, рефракторни промени, диплопија, чести епизоди на благо изразен и минлив заматен вид и замор, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.