Лек: Дибазе

  • ATC код:A11CC05
  • Компанија:АМИКУС ФАРМА дооел
  • Доза:25 000 IE тврди капсули
Почетен третман на хиповитаминоза D

Примарната улога на сolecalciferol во организмот е одржување на нормалните серумски нивоа на калциум и фосфати преку механизам на олеснета апсорпција на калциумовите и фосфатните јони на интестинално ниво. На ниво на хепарот, витаминот D3 и D2 се хидроксилираат до 25-хидроксивитамин D, а потоа и до нивниот активен метаболит 1,25-дихидроксивитамин D на ренално ниво. Крајниот метаболит на витамин D се врзува за кореспондирачките рецептори на витамин D, што резултира со регулација на плазматската концентрација на калциумовите јони, регулација на плазматската концентрација на паратироидниот хормон, промоција на ренална реапсорпција на калциумови јони, зголемена интестинална апсорпција на калциумови и фосфатни јони и зголемена имобилизаија на калциумовите и фосфатните јони од коските во плазмата. Генерално, калцитриол интерреагира со интестиналните рецептори на витамин D со цел да ја подобри интестиналната апсорпција на калциумовите и фосфатните јони, а исто така се врзува и со рецепторите сместени на површината на остеокластите; ова резултира со стимулација на лигандот на рецепторниот активатор на нуклеарниот фактор kappa B, кој понатаму реагира со рецепторниот активатор на нуклеарниот фактор kappa B на незрелите пре-остеокласти, со цел нивно созревање до остеокласти и со цел овозможување на адекватна коскена ресорпција. На крај, калцитриол ја стимулира реапсорпцијата на калциумовите јони од гломеруларниот филтрат на ренално ниво.

Препорачана доза на colecalciferol e 25 000 IE секоја недела. 

Посебни популации
Постари пациенти
  • Нема податоци.
Педијатриска популација
  • Не се препорачува употреба на colecalciferol кај педијатриски пациенти под 18-годишна возраст.
Пациенти со ренално оштетување
  • Не се препорачува употреба на colecalciferol кај пациенти со ренално оштетување.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
  • Хиперсензитивност кон colecalciferol
  • Хиперкалциемија и/или хиперкалциурија; 
  • Тешко ренално нарушување; 
  • Хипервитаминоза со витамин D; 
  • Нефролитијаза / нефрокалциноза.
Фенитоин или барбитурати
  • Истовремената употреба на colecalciferol со фенитоин или барбитурати може да резултира со намалување на плазматската концентрација на colecalciferol.
Глукокортикоиди
  • Истовремената употреба на colecalciferol со глукокортикоиди може да резултира со намалување на терапевтското дејство на colecalciferol.
Рифампицин, изониазид
  • Истовремената употреба на colecalciferol со рифампицин или изониазид може да резултира со намалување на плазматската концентрација на colecalciferol.
Орлистат или холестирамин
  • Истовремената употреба на colecalciferol со орлистат или смоли на јонска размена (холестирамин) може да резултира со намалување на интестиналната апсорпција на colecalciferol
Тиазидни диуретици
  • Истовремената употреба на colecalciferol со тиазидни диуретици може да резултира со хиперкалциемија. 
Гликозиди на дигиталис
  • Истовремената употреба на colecalciferol со гликозиди на дигиталис може да резултира со појава на хиперкалиемија.
Аналози на витамин D
  • Истовремената употреба на colecalciferol со аналози на витамин D може да резултира со хипервитаминоза D и хиперкалциемија.
Антациди кои содржат алуминиум
  • Истовремената употреба на colecalciferol со антациди кои содржат алуминиум може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на алуминиум.
Производи кои содржат калциум и фосфор
  • Истовремената употреба на colecalciferol со производи кои содржат калциум и фосфор може да резултира со појава на хиперкалциемија.
Бременост
  • Не се препорачува употреба на colecalciferol за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со colecalciferol.

Нема влијание.

Многу чести

/

Чести

/

Помалку чести
  • Хиперкалциемија, хиперкалциурија.
Ретки
  • Пруритус, осип, уртикарија.
Многу ретки

/

Непознато

/

Симптоми
  • Хиперкалциемија, замор, мускулна слабост, анорексија, наузеа, вомитус, констипација, дијареа, полиурија, ноктурија, прекумерно потење, главоболка, полидипсија, поспаност, вертиго, хиперкалциурија, хипервитаминоза D, аритмија, кома и летален исход. 
Третман
  • Рехидратација; 
  • Администрација на глукокортикоиди, диуретици на Хенлеова петелка калцитонин или бифосфонати.

Нема влијание.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:A11CC05
Генерично име:colecalciferol
Латинично име:Colecalciferol hard capsules
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:25 000 IE тврди капсули
Производител:АМИКУС ФАРМА дооел
Носител на одобрение:ABIOGEN PHARMA S.p.A., Пиза, Италија