Лек: Пантопразол Азеведос

  • ATC код:A02BC02
  • Компанија:РИФАМ доо
  • Доза:40mg прашок за раствор за инјектирање или инфундирање (10 вијали х 40 mg/кутија)
Рефлуксен езофагитис
Гастричен и дуоденален улкус
Zollinger-Ellison-ов синдром

Pantoprazole претставува супституиран бензимидазол од групата на инхибитори на протонска пумпа кој делува преку механизам на инхибиција на функцијата на протонската пумпа, така што се врзува за цистеинските резидуи на протонската пумпа и гради дисулфидни мостови, го спречува нејзиното отворање и спречува инфлукс на водородни јони и хлороводородна киселина во гастричниот лумен. Pantoprazole се врзува за сулфхидрилните групи на H+/K+ - ATP-азата - ензим кој го посредува последниот чекор од синтезата на хлороводородната киселина на ниво на гастричните париетални клетки; со инхибиција на овој ензим, се спречува и секрецијата на хророводородна киселина.

Гастричен и дуоденален улкус и рефлуксен езофагитис
  • Препорачана доза на pantoprazole е 40mg дневно, администрирана интравенски.
Zollinger-Ellison-ов синдром
  • Препорачана почетна доза на pantoprazole e 80mg, администрирана интравенски; 
  • Во случај на хиперсекреторни состојби каде е потребно побрзо воспоставување на контрола на симптомите, се препорачува интравенска администрација на 80mg pantoprazole на секои 12 часа.
Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
  • Не се препорачува употреба на pantoprazole кај педијатриски пациенти под 18-годишна возраст.
Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
  • Хиперсензитивност кон pantoprazole
Азолни антифунгални агенси
  • Истовремената употреба на pantoprazole со лекови чија апсорпција зависи од гастричната рН-вредност како кетоконазол, итраконазол, посаконазол или вориконазол може да резултира со намалување на плазматската концентрација на овие лекови.
HIV-протеаза инхибитори
  • Истовремената употреба на pantoprazole со HIV-протеаза инхибитори како атазанавир, може да резултира со сигнификантно намалување на биорасположливоста на атазанавир.
Кумарински антикоагуланси
  • Истовремената употреба на pantoprazole со варфарин или фенпрокумон може да го зголеми ризикот од хеморагија и продолжување на протромбинското време.
Метотрексат
  • Истовремената употреба на pantoprazole со метотрексат може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на метотрексат.
Инхибитори или индуктори на CYP450 2C19
  • Истовремената употреба на pantoprazole со инхибитори на CYP450 2C19 (флувоксамин) може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на pantoprazole; 
  • Истовремената употреба на pantoprazole со индуктори на CYP450 2C19 (рифампицин, кантарион) може да резултира со намалување на плазматската концентрација на pantoprazole.

Нема влијание.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на pantoprazole за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со pantoprazole.

Нема влијание.

Многу чести

/

Чести
  • Полипи на фундусните жлезди (бенигни), хепатобилијарни нарушувања, нарушувања на кожата и поткожното ткиво, мускулно-скелетни нарушувања и нарушувања на сврзното ткиво, ренални и уринарни нарушувања, нарушувања на репродуктивниот систем и градите, реакции на местото на инјектирање.

Помалку чести
  • Нарушен сон, главоболка, вертиго, дијареа, наузеа, вомитус, флатуленција, констипација, сува уста, абдоминална болка и непријатност, покачени серумски нивоа на трансаминазите и гама-глутамилтрансферазата, осип, егзантем, ерупции, пруритус, фрактура на колкот, зглобовите или ‘рбетот, астенија, замор, малаксаност.
Ретки
  • Агранулоцитоза, хиперсензитивност (анафилактички и анафилактоидни реакции), хиперлипидемија, хипертриглицеридемија, хиперхолестеролемија, промени во телесната тежина, депресија, дисгеузија, нарушување на видот / заматен вид, хипербилирубинемија, уртикарија, ангиоедем, артралгија, мијалгија, гинекомастија, хиперпирексија, периферен едем. 
Многу ретки
  • Тромбоцитопенија, леукопенија, панцитопенија, дезориентација.
Непознато
  • Хипонатриемија, хипомагнезиемија, хипокалциемија, хипокалиемија, халуцинации, конфузија, парестезија, микроскопски колитис, хепатоцелуларно оштетување, иктерус, хепатоцелуларна инсуфициенција, Stevens-Johnson-ов синдром, токсична епидермална некролиза, еритема мултиформе, фотосензитивност, субакутен кутан лупус еритематозус, реакции на лекот со еозинофилија и системски симптоми, мускулен спазам, интерстицијален нефритис.

Во случај на предозирање, се препорачува примена на симптоматски и супортивен третман.

Поради можност од појава на вертиго и нарушен вид, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:A02BC02
Генерично име:pantoprazole
Латинично име:Pantoprazole powder for solution for injection
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:40mg прашок за раствор за инјектирање или инфундирање (10 вијали х 40 mg/кутија)
Производител:РИФАМ доо
Носител на одобрение:Sofarimex Industria Quimica e Farmaceutica S.A., Агуалва-Чачем, Португалија