Хиперхолестеролемија
Превенција од кардиоваскуларни заболувања
Simvastatin претставува статин и компетитивен инхибитор на HMG-CoA-редуктаза - ензим кој ја катализира конверзијата на хидроксиметилглутарил Коензим А (HMG-CoA) во мевалонат - чекор од реакцијата на биосинтеза на холестерол. Simvastatin делува примарно на хепатално ниво, каде ја намалува хепаталната концентрација на холестеролот и ја стимулира активноста на LDL-рецепторите, со што се зголемува хепаталното ре-преземање на LDL-холестеролот. Дополнително, simvastatin ја намалува концентрацијата на VLDL-холестеролот во плазмата, серумските триглицериди и IDL.
Препорачаната доза на simvastatin варира во опсег од 5 - 80 mg дневно.
Simvastatin се употребува како монотерапија или како дел од комбинирана терапија со секвестранти на жолчната киселина и истиот се администрира 2 - 4 часа пред администрација на секвестрантите на жолчната киселина.
Хиперхолестеролемија
- Препорачана почетна доза на simvastatin e 10 - 20 mg дневно, администрирана како единечна доза, навечер;
- Кај пациенти кај кои е потребно намалување на LDL-холестеролот, се започнува со примена на почетна доза од 20 - 40 mg дневно, администрирана како единечна доза, навечер.
Хомозиготна фамилијарна хиперхолестеролемија
- Препорачана доза на simvastatin e 40mg дневно, администрирана како единечна доза, навечер.
Превенција од кардиоваскуларни заболувања
- Препорачана почетна доза на simvastatin e 20 - 40 mg дневно, администрирана како единечна доза, навечер.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со ренално оштетување
- Потребно е прилагодување на дозата кај пациенти со лесна до умерена ренална инсуфициенција;
- Не се препорачува употреба на simvastatin кај пациенти со тешка ренална инсуфициенција.
Педијатриска популација
- Препорачана доза на simvastatin кај педијатриски пациенти на возраст од 10 - 17 години од хетерозиготна фамилијарна хиперхолестеролемија е 10mg дневно, администрирана навечер; препорачаниот дозен опсег се движи од 10 - 40 mg дневно.
Пациенти со хепатално оштетување
- Потребно е прилагодување на дозата.
Употребата на simvastatin е контраиндицирана за време на бременост и доење.
Во случај на предозирање, се препорачува примена на симптоматски и супортивен третман.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.