Лек: Тигерфил

  • ATC код:G04BE03
  • Компанија:ЛЕК - СКОПЈЕ Лек д.д. Љубљана дооел
  • Доза:50mg таблети
Еректилна дисфункција

Sildenafil е орален лек за еректилна дисфункција. Во природен амбиент, односно при сексуална стимулација ја обновува нарушената еректилна дисфункција со зголемување на приливот на крв во пенисот. Физиолошкиот механизам одговорен за ерекција на пенисот вклучува ослободување на азотен оксид (NO) и активирање на гванилат циклазата, која резултира со зголемување на нивото на цикличен гванозин монофосфат, cGMP, кој пак  предизвикува релаксација на мазните мускули и поголем прилив на крв.

Препорачана доза на sildenafil е 50mg, администрирана по потреба, околу еден час пред сексуалната активност, со можност за зголемување на дозата до 100mg, односно намалување на дозата до 25mg.

Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
  • Не се препорачува употреба на sildenafil кај педијатриски пациенти под 18-годишна возраст.
Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено ренално оштетување;
  • Препорачана доза на sildenafil кај пациенти со тешко ренално оштетување (креатинин клиренс < 30 mL/min) e 25mg.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Препорачана доза на sildenafil кај пациенти со хепатално оштетување е 25mg.
  • Хиперсензитивност кон sildenafil;
  • Истовремена употреба со донори на азотен оксид (амил нитрит, нитрати во друга форма); 
  • Истовремена употреба на PDE5 инхибитори или со стимулатори на гванилат циклаза (риоцигуат) поради ризик од симптоматска хипотензија;
  • Тешки кардиоваскуларни нарушувања (нестабилна ангина пекторис, тешка срцева инсуфициенција); 
  • Пациенти кои го изгубиле видот на едното око поради неартериска антериор исхемична невропатија; 
  • Тешко хепатално нарушување;
  • Хипотензија (крвен притисок < 90/50mmHg); 
  • Историја на неодамнешен инсулт или инфаркт на миокардот;
  • Познати наследни дегенеративни нарушувања на ретината.
Инхибитори на CYP450 3A4
  • Истовремената употреба на sildenafil со инхибитори на CYP450 3A4 како кетоконазол, еритромицин или циметидин може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на sildenafil.
Индуктори на CYP450 3A4
  • Истовремената употреба на sildenafil со индуктори на CYP450 3A4 може да резултира со намалување на плазматската концентрација на sildenafil.
HIV-протеаза инхибитори
  • Истовремената употреба на sildenafil со HIV-протеаза инхибитори како ритонавир или сакинавир, може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на sildenafil.
Риоцигват
  • Истовремената употреба на sildenafil со риоцигват може да резултира со адитивен системски хипотензивен ефект.
α-адренергични антагонисти
  • Истовремената употреба на sildenafil со α-адренергични антагонисти може да резултира со појава на симптоматска хипотензија.
Босентан
  • Истовремената употреба на sildenafil со босентан може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на босентан.
Сакубитрил / валсартан
  • Истовремената употреба на sildenafil со сакубитрил или валсартан може да резултира со појава на сигнификантна хипотензија.

Храната може да ја одложи апсорпцијата на sildenafil.

Сок од грејпфрут
  • Истовремената употреба на sildenafil со сок од грејпгрут може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на sildenafil.

Употребата на sildenafil е контраиндицирана кај жени.

Нема влијание. 

Многу чести
  • Главоболка.
Чести
  • Вртоглавица, нарушувања во перцепцијата на боите, нарушување на видот, заматен вид, црвенило, напливи на топлина, назална конгестија, мачнина, диспепсија.
Помалку чести
  • Ринитис, хиперсензитивност, сонливост, хипоестезија, суви очи, хиперлакримација, окуларна болка, фотофобија, фотопсија, окуларна хиперемија, гледање засилена светлина, конјунктивитис, тинитус,  тахикардија, палпитации, хипертензија, хипотензија, епистакса, синусна конгестија, гастроезофагеално рефлуксно заболување, вомитус, горна абдоминална болка, сува уста, осип, мијалгија, болка во екстремитетите, хематурија, болки во градите, замор, чувство на топлина, тахикардија.
Ретки
  • Цереброваскуларен инцидент, транзитен исхемичен напад, епилептичен напад, повторен епилептичен напад, синкопа, неартериска предна оптичка невропатија (NAION), ретинална васкуларна оклузија, ретинална хеморагија, атеросклеротична ретинопатија, ретинално нарушување, глауком, нарушување на видното поле, диплопија, намалена острина на видот, миопија, астенопија, стаклен поглед, нарушување на ирисот, мидријаза, поглед со одблесок, едем на очите, конјунктивна хиперемија, иритација на очите, ненормално чувство во очите, едем на очните капаци, обезбојување на склерата, глувост, ненадејна срцева смрт, миокарден инфаркт, вентрикуларна аритмија, атријална фибрилација, нестабилна ангина, стегање во грлото, назален едем, назална сувост, орална хипоестезија, Stevens-Johnson-ов синдром, токсична епидермална некролиза, хеморагија на пенисот, пријапизам, хематоспермија, зголемена ерекција, раздразливост.
Симптоми
  • Главоболка, црвенило, вртоглавица, диспепсија, назална конгестија, нарушен вид.
Третман
  • Симптоматски и супортивен.

Поради можност од појава на вертиго и визуелни нарушувања, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:G04BE03
Генерично име:sildenafil
Латинично име:Sildenafil tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:50mg таблети
Производител:ЛЕК - СКОПЈЕ Лек д.д. Љубљана дооел
Носител на одобрение:SALUTAS Pharma GmbH, Барлебен, Германија, LEK S.A. , Варшава, Полска, SANDOZ S.R.L., Таргу Муреш, Романија, LEK Pharmaceuticals d.d.-, Љубљана, Словенија