Блага до умерена болка
- Применливо при главоболка, забоболка или менструални болки.
Болка при повреда и по медицинска и стоматолошка интервенција
Минлива мускулна болка или болка во зглобовите при настинка и грип
Хиперпирексија предизвикана од бактериски или вирусни инфекции
Ревматска болка
- Применливо при остеоартритис и болки во грбот кои немаат инфламаторно потекло.
Paracetamol претставува нестероиден антиинфламаторен лек, неселективен инхибитор на COX-1 и COX-2 – ензими кои се вклучени во синтезата на проинфламаторните простагландини. Со инхибиција на активноста на циклооксигеназите се спречува продукцијата на проинфламаторните простагландини кои се одговорни за предизвикување на болка и инфламаторни реакции.
Табела 1. Прилагодување на дозата
Телесна тежина (kg)
|
Единечна доза
|
Максимална дневна доза
|
≤ 10
|
7,5 mg/kg (0,75mL раствор/kg) на секои 6 часа
|
30 mg/kg
|
10 – 33
|
15 mg/kg (1,5mL раствот/kg) на секои 6 часа
|
60 mg/kg
|
33- 50
|
15 mg/kg (1,5mL раствор/kg) на секои 6 часа
|
60 mg/kg
|
≥ 50
|
1000 mg (1 вијала) на секои 6 часа
|
4000mg дневно
|
Посебни популации Постари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Не се препорачува употреба на paracetamol кај педијатриски пациенти со телесна тежина < 32 kg.
Пациенти со ренално оштетување
- Препорачаниот интервал на дозирање на paracetamol кај пациенти со креатинин клиренс > 10 mL/min е на секои 6 часа;
- Препорачаниот интервал на дозирање на paracetamol кај пациенти со креатинин клиренс < 10 mL/min е на секои 8 часа.
Пациенти со хепатално оштетување
- Максималната дневна доза на paracetamol е 3000mg.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.