Блага до умерена болка
Хиперпирексија предизвикана од бактериски или вирусни инфекции
Paracetamol претставува нестероиден антиинфламаторен лек, неселективен инхибитор на COX-1 и COX-2 – ензими кои се вклучени во синтезата на проинфламаторните простагландини. Со инхибиција на активноста на циклооксигеназите се спречува продукцијата на проинфламаторните простагландини кои се одговорни за предизвикување на болка и инфламаторни реакции.
Препорачана вкупна дневна доза на paracetamol за возрасни пациенти и педијатриски пациенти со телесна тежина > 50 kg е 4000mg дневно.
Препорачана дневна доза на paracetamol за педијатриски пациенти е 60 mg/kg телесна тежина дневно, односно по 15 mg/kg телесна тежина на секои 6 часа.
Посебни популации Постари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со ренално оштетување
- Препорачаниот интервал на дозирање на paracetamol кај пациенти со креатинин клиренс > 10 mL/min е на секои 6 часа;
- Препорачаниот интервал на дозирање на paracetamol кај пациенти со креатинин клиренс < 10 mL/min е на секои 8 часа.
Пациенти со хепатално оштетување
Педијатриски пациенти
- Препорачана доза на paracetamol кај педијатриски пациенти со телесна тежина од 15 - 24 kg е 300mg (1 супозиторија), по потреба на секои 6 часа;
- Максималната дневна доза на paracetamol кај педијатриски пациенти со телесна тежина < 37 kg е 80 mg/kg телесна тежина;
- Максималната дневна доза на paracetamol кај педијатриски пациенти со телесна тежина од 38 - 50 kg е 3000mg дневно.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.