Лек: Пливит Ц

  • ATC код:A11GA01
  • Компанија:ПЛИВА дооел
  • Доза:500mg таблети
Превенција и третман на хиповитаминоза С и скорбут
Состојби при кои е зголемена потребата од витамин С
  • Хиперпирексија, инфективни состојби, состојби на хируршки третмани, склоност кон крварење, метхемоглобинемија, хемодијализа, сидеропенична анемија, неоплазми, рани и изгореници кои бавно заздравуваат, еднолична исхрана, замор и диетална исхрана сиромашна со витамин С.

Ascorbic acid или витамин С претставува хидросолубилен витамин кој кога се внесува егзогено се однесува како кофактор во формулацијата на 4-хидроксипролин со цел да придонесе во создавањето на колагенот и во обновувањето на ткивата. Ascorbic acid е вклучена во метаболизмот на тирозин, конверзијата на фолната киселина во фолинска киселина, метаболизмот на јаглехидратите, синтезата на липидите и протеините, метаболизмот на железо, резистентноста кон различни инфекции и процесите на клеточно дишење.

Препорачана доза на ascorbic acid e 1 - 2 таблети дневно (500 - 1000 mg).

  • Хиперсензитивност кон ascorbic acid
Соли на железо
  • Истоврмената употреба на ascorbic acid со соли на железо може да резултира со зголемување на апсорпцијата на железо на ниво на гастроинтестиналниот тракт.
Орални антикоагуланси
  • Истоврмената употреба на ascorbic acid со орални антикоагуланси (варфарин) може да резултира со намалување на апсорпцијата на оралните антикоагуланси.
Амфетамин, трициклични антидепресиви
  • Истоврмената употреба на ascorbic acid со алкални лекови, како амфетамин или трициклични антидепресивни лекови може да резултира со намалување на тубуларната реапсорпцијата на алкалните лекови, а со тоа да ја намали и нивната терапевтска ефикасност.

Нема влијание. 

Бременост
  • Ascorbic acid може да се употребува за време на бременост.
Доење
  • Ascorbic acid може да се употребува за време на доење.

Нема влијание.

  • Наузеа, вомитус, хиперацидитет, абдоминални спазми, црвенило на кожата, слабост, главоболка и инсомнија.
Симптоми
  • Дијареа и гастроинтестинални тегоби.
Третман
  • Симптоматски и супортивен третман.

Нема влијание.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:A11GA01
Генерично име:ascorbic acid
Латинично име:Ascorbic acid tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:500mg таблети
Производител:ПЛИВА дооел
Носител на одобрение:PLIVA Hrvatska d.o.o, Загреб, Хрватска
aluminum carbonate
Умерена
aluminum hydroxide
Умерена
amphetamine
Умерена
benzphetamine
Умерена
bortezomib
Умерена
deferoxamine
Умерена
dextroamphetamine
Умерена
dihydroxyaluminum sodium carbonate
Умерена
lisdexamfetamine
Умерена
methamphetamine
Умерена
sucralfate
Умерена