Лек: Аломакс

  • ATC код:D11AX01
  • Компанија:БЕЛУПО дооел
  • Доза:20 mg/mL раствор за кожа
Третман на андрогена алопеција кај мажи на возраст од 18 - 65 години

Minoxidil претставува лек кој се користи за третман на андрогена алопеција; minoxidil овозможува преживување на хуманите дермални папиларни клетки или клетките на влакната преку механизам на активација на екстрацелуларната сигнална киназа и активација на протеин-киназата тип В. Minoxidil го стимулира растот на косата така што го зголемува дијаметарот на влакната, ја стимулира анагената фаза на растот на влакната, го продолжува времетраењето на анагената фаза на растот на влакната и го стимулира анагеното закрепнување по телогената фаза. 

Minoxidil се нанесува на целосно сува коса и скалп, по 1mL врз сувата површина на делот на скалпот опфатен со алопеција и нежно се втрива од средината кон рабовите, двапати дневно – наутро и навечер.

  • Хиперсензитивност кон minoxidil;
  • Примена кај жени; 
  • Третирана или нетретирана хипертензија;
  • Кожни промени на скалпот (вклучувајќи псоријаза и изгореници од сонце); 
  • Нанесување врз избричено подрачје на скалпот; 
  • Истовремена употреба на оклузивен завој или со некој друг лек за локална примена.
Периферни вазодилататори
  • Minoxidil ја потенцира ортостатската хипотензија предизвикана од периферните вазодилататори.
Кортикостероиди
  • Истовремената употреба на minoxidil со лекови кои го минуваат stratum corneum како што се кортикостероидите може да резултира со зголемена апсорпција на minoxidil.

Нема влијание. 

Употребата на minoxidil е контраиндицирана кај жени.

Нема податоци.

Чести
  • Главоболка, хипертрихоза, пруритус (вклучувајќи осип со пруритус на местото на примена, генерализиран пруритус и окуларен пруритус).
Помалку чести
  • Хипотензија, диспнеа, привремено губење на косата, промена на стуктурата и на бојата на косата, ексфолијација на кожата (вклучувајќи ексфолијативен осип и ексфолијативен дерматитис), осип (вклучувајќи пустулозно, папуларно, генерализирано везикуларно или макуларно исипување), акни (акнеиформно исипување), дерматитис (вклучувајќи контактен, алергиски, атописки и себороичен дерматитис) и сува кожа (вклучувајќи сувост на местото на примена), периферни едеми, иритација на местото на примена (вклучувајќи иритација на кожата), еритем на местото на примена (вклучувајќи еритем и еритематозен осип).
Ретки
  • Палпитации, забрзан срцев пулс, болки во градниот кош.
Непознато
  • Алергиски реакции (ангиоедем).
Многу чести

/

Многу ретки

/

Симптоми
  • Тахикардија, вртоглавица, хипотензија, летаргија, ретенција на вода и натриум.  
Третман
  • Администрација на диуретици за третман на ретенција на вода и натриум;  
  • Администрација на β-адренергични блокатори за третман на тахикардија; 
  • Симптоматски и супортивен третман.

Нема влијание. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:D11AX01
Генерично име:minoxidil
Латинично име:Minoxidil skin solution
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:20 mg/mL раствор за кожа
Производител:БЕЛУПО дооел
Носител на одобрение:BELUPO lijekovi i kozmetika d.d., Копривница, Хрватска
alfuzosin
Умерена
alprostadil
Умерена
ambrisentan
Умерена
amyl nitrite
Умерена
aprocitentan
Умерена
avanafil
Умерена
bosentan
Умерена
cyclandelate
Умерена
deserpidine
Умерена
doxazosin
Умерена
epoprostenol
Умерена
ethaverine
Умерена
guanadrel
Умерена
guanethidine
Умерена
hydralazine
Умерена
iloprost
Умерена
isosorbide
Умерена
isosorbide dinitrate
Умерена
isosorbide mononitrate
Умерена
isoxsuprine
Умерена
mecamylamine
Умерена
minoxidil
Умерена
terazosin
Умерена
treprostinil
Умерена
vardenafil
Умерена
verteporfin
Умерена
nesiritide
Умерена
nitroglycerin
Умерена
papaverine
Умерена
phentolamine
Умерена
prazosin
Умерена
rauwolfia serpentina
Умерена
reserpine
Умерена
sapropterin
Умерена
selexipag
Умерена
sildenafil
Умерена
silodosin
Умерена
tadalafil
Умерена
tamsulosin
Умерена