Акутен бактериски синуситис
Акутен бактериски otitis media
Фарингитис и тонзилитис
Акутна егзацербација на хроничен бронхитис
Блага до умерено-тешка вонболнички-стекната пневмонија
Инфекции на кожата и меките ткива со блага до умерена сериозност
- Применливо при фоликулитис, целулитис, еризипел.
Некомплициран уретритис и цервицитис предизвикан од Chlamydia trachomatis
Azithromycin претставува макролиден антибиотик со бактериостатско дејство, кој делува преку механизам на врзување за 23S rRNA од 50Ѕ рибозомската субединица, со што врши инхибиција на синтезата на протеините на ниво на чекорот на транспептидација / транслокација; со тоа е оневозможена синтезата на протеините кои се неопходни за растот и функционирањето на бактериската клетка.
Препорачана дневна доза на azithromycin e 500mg дневно, во период од 3 последователни денови.
Алтернативно, вкупната доза од 1500mg може да се администрира во период од 5 последователни денови, така што на првиот ден од терапијата се земаат 500mg, додека на останатите денови се зема доза од 250mg дневно.
Во случај на уретритис и цервицитис предизвикани од Chlamydia trachomatis, препорачана доза на azithromycin e 1000mg, администрирана како единечна доза.
Посебни популацииПедијатриска популацијаДеца и адолесценти со телесна тежина < 45kg
- Не се препорачува употреба на azithromycin кај педијатриски пациенти и адолесценти со телесна тежина < 45kg.
Деца и адолесценти со телесна тежина > 45kg
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено ренално оштетување (креатинин клиренс од 10 - 80 mL/min);
- Потребно е прилагодување на дозата кај пациенти со тешко ренално оштетување (креатинин клиренс < 10 mL/min).
Пациенти со хепатално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено хепатално оштетување.
Постари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Поради можност од појава на вртоглавица, заматување на видот и конвулзии, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување