Акутен бактериски синузитис
Акутен бактериски otitis media
Фарингитис и тонзилитис
Акутна егзацербација на хроничен бронхитис
Блага до умерено-тешка вонболнички-стекната пневмонија
Инфекции на кожата и меките ткива
Некомплицирани генитални инфекции предизвикани од Chlamydia trachomatis и Neisseria gonorrhoeae
Гастрични и дуоденални инфекции предизвикани од Helicobacter pylori
Хроничен простатитис предизвикан од Chlamydia trachomatis
Azithromycin претставува макролиден антибиотик со бактериостатско дејство, кој делува преку механизам на врзување за 23S rRNA од 50Ѕ рибозомската субединица, со што врши инхибиција на синтезата на протеините на ниво на чекорот на транспептидација / транслокација; со тоа е оневозможена синтезата на протеините кои се неопходни за растот и функционирањето на бактериската клетка.
Препорачана дневна доза на azithromycin e 500mg дневно, во период од 3 последователни денови.
Алтернативно, вкупната доза од 1500mg може да се администрира во период од 5 последователни денови, така што на првиот ден од терапијата се земаат 500mg, додека на останатите денови се зема доза од 250mg дневно.
Во случај на уретритис и цервицитис предизвикани од Chlamydia trachomatis, препорачана доза на azithromycin e 1000mg, администрирана како единечна доза; за чувствителни соеви на Neisseria gonorrhoeae, препорачана доза на azithromycin е 2000mg, администрирана како единечна доза, во комбинација со 500mg цефтриаксон, администриран во облик на интрамускулна инјекција.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популацијаДеца и адолесценти со телесна тежина < 45kg
- Препорачана доза на azithromycin e 10 mg/kg телесна тежина дневно, во период од 3 последователни денови;
- Деца со телесна тежина од 15 - 25 kg - 5mL, односно 200mg azithromycin, еднаш дневно, во период од 3 последователни денови;
- Деца со телесна тежина од 26 - 35 kg - 7,5mL, односно 300mg azithromycin, еднаш дневно, во период од 3 последователни денови;
- Деца со телесна тежина од 36 - 45 kg - 10mL, односно 400mg azithromycin, еднаш дневно, во период од 3 последователни денови.
Пациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено ренално оштетување (креатинин клиренс од 10 - 80 mL/min);
- Потребно е прилагодување на дозата кај пациенти со тешко ренално оштетување (креатинин клиренс < 10 mL/min).
Пациенти со хепатално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено хепатално оштетување.
Acne vulgaris
- Препорачана вкупна доза на azithromycin e 6000mg, така што се администрираат 500mg дневно во тек на првите 3 дена од спроведувањето на третманот, а потоа лекувањето се продолжува со администрација на 500mg еднаш неделно, во тек на 9 последователни недели.
Erythema migrans
- За третман на erythema migrans, препорачана доза на azithromycin e 3000mg, која се администрира така што 1000mg се администрираат на првиот ден од третманот, а потоа на вториот до петтиот ден се администрираат по 500mg azithromycin.
Инфекции предизвикани од Chlamydia trachomatis
- Во случај на уретритис и цервицитис предизвикани од Chlamydia trachomatis, препорачана доза на azithromycin e 1000mg, администрирана како единечна доза.
Гастрични и дуоденални инфекции предизвикани од Helicobacter pylori
- Препорачана доза на azithromycin e 1000mg дневно, во комбинација со антисекреторен лек.
Хроничен простатитис предизвикан од Chlamydia trachomatis
- Препорачана вкупна доза на azithromycin e 4500mg, која се администрира така што 500mg се администрираат еднаш дневно, во тек на 3 последователни денови, а оваа доза треба да се повтори во тек на 3 последователни недели (1500mg неделно).
Нема пријавени случаи на предозирање.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување