Вонболничка пневмонија
Утогенитални инфекции како ендометритис и салпингитис предизвикани од Chlamydia trachomatis или гонококни инфекции
Azithromycin претставува макролиден антибиотик со бактериостатско дејство, кој делува преку механизам на врзување за 23S rRNA од 50Ѕ рибозомската субединица, со што врши инхибиција на синтезата на протеините на ниво на чекорот на транспептидација / транслокација; со тоа е оневозможена синтезата на протеините кои се неопходни за растот и функционирањето на бактериската клетка.
Препорачана дневна доза на azithromycin e 500mg дневно, во период од 3 последователни денови.
Алтернативно, вкупната доза од 1500mg може да се администрира во период од 5 последователни денови, така што на првиот ден од терапијата се земаат 500mg, додека на останатите денови се зема доза од 250mg дневно.
Во случај на уретритис и цервицитис предизвикани од Chlamydia trachomatis, препорачана доза на azithromycin e 1000mg, администрирана како единечна доза; за чувствителни соеви на Neisseria gonorrhoeae, препорачана доза на azithromycin е 2000mg, администрирана како единечна доза, во комбинација со 500mg цефтриаксон, администриран во облик на интрамускулна инјекција.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популацијаДеца и адолесценти со телесна тежина < 45kg
- Препорачана доза на azithromycin e 10 mg/kg телесна тежина дневно, во период од 3 последователни денови;
- Деца со телесна тежина од 15 - 25 kg - 5mL, односно 200mg azithromycin, еднаш дневно, во период од 3 последователни денови;
- Деца со телесна тежина од 26 - 35 kg - 7,5mL, односно 300mg azithromycin, еднаш дневно, во период од 3 последователни денови;
- Деца со телесна тежина од 36 - 45 kg - 10mL, односно 400mg azithromycin, еднаш дневно, во период од 3 последователни денови.
Пациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено ренално оштетување (креатинин клиренс од 10 - 80 mL/min);
- Потребно е прилагодување на дозата кај пациенти со тешко ренално оштетување (креатинин клиренс < 10 mL/min).
Пациенти со хепатално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено хепатално оштетување.
Вонболничка пневмонија
- Препорачана доза на azithromycin e 500mg, администрирана во облик на интравенска инфузија, еднаш дневно, во период од најмалку 2 дена, по што третманот продолжува со перорална администрација на azithromycin во доза од 500mg дневно, во период од 7 - 10 дена.
Урогенитални инфекции - ендометритис и салпингитис
- Препорачана доза на azithromycin e 500mg, администрирана во облик на интравенска инфузија, еднаш дневно, по што третманот продолжува со перорална администрација на 250mg azithromycin дневно, во тек на 7 дена.
Нема пријавени случаи на предозирање.
Поради можност од појава на сомноленција, халуцинации, делириум, вртоглавица, синкопа и конвулзии, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување