Лек: Clexane

  • ATC код:B01AB05
  • Компанија:SANOFI Winthrop Industrie,
  • Доза:4000 IE (40 mg)/0.4ml
Профилакса на венски тромбоемболиски заболувања
  • Применливо при умерени или високо-ризични хируршки интервенции.
Профилакса на венски тромбоемболиски заболувања кај пациенти со акутни болести
  • Вклучително акутна срцева инсуфициенција, респираторна инсуфициенција, тешка инфекција или акутно ревматско заболување. 
Длабока венска тромбоза и пулмонарна емболија
Продолжен третман на длабока венска тромбоза и пулмонарна емболија
Превенција на тромби формирани при екстракорпорална циркулација за време на хемодијализа
Акутен коронарен синдром
Нестабилна ангина пекторис или миокарден инфаркт без елевација на ЅТ-сегмент
  • Применливо во комбинација со перорална ацетилсалицилна киселина.
Акутен миокарден инфаркт со елевација на ЅТ-сегмент

Enoxaparin се врзува за антитромбин III - серин протеаза инхибитор, при што се формира комплекс кој иреверзибилно го инактивира коагулациониот фактор Ха, како резултат на што се оневозможува коагулација. По инактивација на факторот Ха, enoxaparin се ослободува од комплексот со антитромбин III и се врзува за други молекули на антитромбин. Enoxaparin директно го инхибира факторот IIa (тромбин), како резултат на што е оневозможена конверзијата на фибриногенот во фибрин и при тоа се оневозможува формирањето на крвен коагулум. 

Профилакса на венска тромбоза кај умерени и високо-ризични пациенти
  • Препорачана доза на enoxaparin кај пациенти со умерен ризик од тромбоемболија е 2000 IU (20mg) дневно, администрирана во облик на супкутана инјекција, во период од 7 - 10 дена; 
  • Препорачана доза на enoxaparin кај пациенти со висок ризик од тромбоемболија е 4000 IU (40mg) дневно, администрирана во облик на супкутана инјекција, 12 часа пред хируршката интервенција.
Профилакса на венска тромбоемболија кај пациенти со акутна болест која го ограничува мотилитетот на пациентот
  • Препорачана доза на enoxaparin е 4000 IU (40mg) дневно, администрирана во облик на супкутана инјекција, во период од 6 - 14 дена.
Длабока венска тромбоза и пулмонарна емболија
  • Препорачана доза на enoxaparin е 150 IU/kg (1,5 mg/kg телесна тежина) дневно, или по 100 IU/kg (1 mg/kg телесна тежина) на секои 12 часа; 
  • Препорачана доза на enoxaparin за превенција од повторување на длаболка венска тромбоза или пулмонарна емболија кај пациенти со карцином е 100 IU/kg (1 mg/kg телесна тежина) на секои 12 часа, администрирана во облик на супкутана инјекција, во период од 5 - 10 дена, проследена со доза од 150 IU/kg (1,5 mg/kg телесна тежина) дневно, администрирана во облик на супкутана инјекција до 6 месеци.
Превенција од формирање на тромби за време на хемодијализа
  • Препорачана доза на enoxaparin e 100 IU/kg (1 mg/kg телесна тежина);
  • Кај пациенти со висок ризик од хеморагија, дозата на enoxaparin се намалува до 50 IU/kg (0,5 mg/kg телесна тежина) за двоен васкуларен пристап или до 75 IU/kg (0,75 mg/kg телесна тежина) за единечен васкуларен пристап.
Акутен коронарен синдром
  • Препорачана доза на enoxaparin за третман на нестабилна ангина и NSTEMI е 100 IU/kg (1 mg/kg телесна тежина) на секои 12 часа, администрирана во облик на супкутана инјекција, во комбинација со антитромбоцитна терапија (перорална ацетилсалицилна киселина во ударна доза од 150 - 300 mg и доза на одржување од 75 - 325 mg дневно); 
  • Препорачана доза на enoxaparin за третман на акутна STEMI е единечен интравенски болус од 3000 IU/kg (30 mg/kg телесна тежина) + 100 IU/kg (1 mg/kg телесна тежина), проследено со 100 IU/kg (1 mg/kg телесна тежина) на секои 12 часа.
Посебни популации
Постари пациенти
  • Препорачана почетна доза на enoxaparin е 75 IU/kg (0,75 mg/kg телесна тежина) на секои 12 часа, администрирана во облик на супкутана инјекција, проследена со 75 IU/kg (0,75 mg/kg телесна тежина) за преостанатите дози.
Педијатриска популација
  • Нема податоци.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Нема податоци.
Пациенти со ренално оштетување

Табела 1. Прилагодување на дозата на enoxaparin кај пациенти со тешко ренално оштетување (креатинин клиренс < 30 mL/min)

Индикација

Режим на дозирање

Профилакса на венска тромбоемболија

2000 IU (20mg), супкутано, еднаш дневно

Длабока венска тромбоза и пулмонарна емболија

100 IU/kg (1 mg/kg), супкутано, еднаш дневно

Продолжен третман на длабока венска тромбоза и пулмонарна емболија кај пациенти со активен карцином

100 IU/kg (1 mg/kg), супкутано, еднаш дневно

Нестабилна ангина пекторис и NSTEMI

100 IU/kg (1 mg/kg), супкутано, еднаш дневно

Акутен STEMI (≤ 75 години)

1 х 3000 IU (интравенски болус) + 100 IU/kg (1 mg/kg), супкутано, потоа + 100 IU/kg (1 mg/kg), супкутано, на секои 24 часа

Aкутен STEMI (≥ 75 години)

Без почетен интравенски болус, + 100 IU/kg (1 mg/kg), супкутано, потоа + 100 IU/kg (1 mg/kg), супкутано, на секои 24 часа.

  • Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено ренално оштетување.
  • Хиперсензитивност кон enoxaparin
  • Анамнеза на имуно-посредувана хепарин-индуцирана тромбоцитопенија; 
  • Активна клиничка сигнификантна хеморагија, вклучително неодамнешен хеморагичен инсулт, гастроинтестинален улкус, високо-ризична-за-крварење малигна неоплазма, неодамнешна невро-хируршка, офталмолошка или спинална хируршка интервенција, познати или суспектни езофагеални варикси, артерио-венски малформации, васкуларни аневризми или поголеми интраспинални или интрацеребрални васкуларни аномалии; 
  • Епинална или епидурална анестезија или локо-регионална анестезија.
Лекови кои влијаат на хемостазата
  • Истовремената употреба на enoxaparin со други лекови кои влијаат на хемостазата, како системски салицилати, ацетилсалицилна киселина, НСАИЛи, алтеплаза, ретеплаза, стрептокиназа, тенектеплаза, урокиназа и антикоагуланси може да го зголеми ризикот од хеморагија.

Нема податоци.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на enoxaparin за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со enoxaparin

Нема податоци.

Многу чести
  • Покачување на серумските нивоа на хепаталните ензими.
Чести
  • Хеморагија, хеморагична анемија, тромбоцитопенија, тромбоцитоза, алергиска реакција, главоболка, уртикарија, пруритус, еритем, хематоми на местото на инјектирање, болка на местото на инјектирање, едем, хеморагија, хиперсензитивност и инфламација на местото на инјектирање, болка и реакција на местото на инјектирање. 
Помалку чести
  • Хепатоцелуларно оштетување, булозен дерматитис, локална иритација, некроза на кожата на местото на инјектирање.
Ретки
  • Еозинофилија, имуно-алергиска тромбоцитопенија со тромбоза, исхемија на екстремитетите, анафилактичка / анафилактоидна реакција (вклучувајќи шок), спинален хематом (или невроаксијален хематом), холестатско хепатално оштетување, алопеција, кожен васкулитис, кожна некроза, нодули на местото на инјектирање, остеопороза, хиперкалиемија.
Многу ретки

/

Непознато
  • Акутна генерализирана егзантематозна пустулоза.
Симптоми
  • Хеморагиски компликации.
Третман
  • Бавна интравенска инјекција на 1mg протамин за неутрализација на антикоагулантниот ефект на 100 IU/kg enoxaparin, во случај истиот да е аплициран во претходните 8 часа; 
  • Бавна интравенска инјекција на 0,5mg протамин за неутрализација на антикоагулантниот ефект на 100 IU/kg enoxaparin, во случај истиот да е аплициран пред подолго од 8 часа.

Нема влијание.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување

ATC код:B01AB05
Генерично име:enoxaparin
Латинично име:Enoxaparin, powder for injection
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:4000 IE (40 mg)/0.4ml
Производител:SANOFI Winthrop Industrie,
Носител на одобрение:Sanofi Pasteur S.A., Марси Ла Етоил, Франција, SANOFI PASTEUR, Вал Де Руил, Франција, Sanofi Aventis Zrt, Будимпешта, Унгарија