Хормон-зависен локално-напреден или метастатски простата-канцер
Преоперативна редукција на големината на миомот
- Применливо за редукција на симптомите на хеморагија и болка кај пациентки со симптоматски миоми на утерусот.
Симптоматска ендометриоза
Потврден централен предвремен пубертет
- Применливо кај педијатриски пациенти - девојчиња на возраст до 9 години, односно момчиња на возраст до 10 години.
Triptorelin претставува синтетски агонист-аналог на гонадотропин-ослободувачкиот хормон (GnRH). По иницијалното ненадејно покачување на серумските нивоа на LH и FSH, циркулирачкото ниво на LH и FSH се намалува како резултат на десензибилизација на GnRH-рецепторот, со последователно опаѓање на гонадалната продукција. Надолната регулација на хипофизата индуцирана од страна на triptorelin може да го превенира порастот на LH, a со тоа и предвремената овулација и/или фоликуларната лутеинизација.
Доза од 3,75mg triptorelin се инјектира на секои 28 дена - супкутано (кожата на абдоменот, бутот или бедрото) или длабоко интрамускулно.
Мажи
- Препорачана доза на triptorelin e 3,75mg, администрирана еднаш на секои 4 недели.
Жени
- Препорачана доза на triptorelin за третман на миоми на утерусот и ендометриоза е 3,75mg администрирана еднаш на секои 4 недели; третманот се започнува во првите 5 дена од циклусот.
Педијатриска популација
- Една инјекција на triptorelin се администрира на деновите 0, 14 и 28; потоа се продолжува со администрација на една инјекција на секои 4 недели.
Табела 1. Прилагодување на дозата
|
Телесна тежина (kg)
|
Доза
|
|
< 20
|
1,875 mg
|
|
20 – 30
|
2,5mg
|
|
> 30
|
3,75mg
|
Во случај на предозирање, се препорачува примена на симптоматски и супортивен третман.
Поради можност од појава на вртоглавица, поспаност и визуелни нарушувања, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.