Лек: Телсидан ПЛУС

  • ATC код:C09DA07
  • Компанија:ЗЕНТИВА ПХАРМА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
  • Доза:80mg / 12,5mg таблети
Есенцијална хипертензија
Telmisartan
  • Telmisartan претставува реверзибилен и компетитивен антагонист на рецепторите на ангиотензин II АТ1 сместени во васкуларната мазна мускулатура и во адреналните жлезди; со инхибиција на врзувањето на ангиотензин II за АТ1 рецепторите, доаѓа до релаксација на васкуларната мазна мускулатура и до намалување на крвниот притисок.
Hydrochlorothiazide
  • Hydrochlorothiazide делува на ниво на проксималниот регион на дисталните тубули, инхибирајќи ја реапсорпцијата од страна на симпортерот на NaCl, исто така познат како SLC12A3; инхибицијата на SLC12A3 ја намалува големината на концентрацијата помеѓу епителните клетки и дисталните тубули, намалувајќи ја реапсорпцијата на водата.

Препорачана доза на telmisartan, hydrochlorothiazide e 80mg / 12,5mg дневно.

Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
Педијатриска популација
  • Не се препорачува употреба на telmisartan, hydrochlorothiazide кај педијатриски пациенти под 18-годишна возраст.
Пациенти со ренално оштетување
  • Потребно е прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Препорачана доза на telmisartan, hydrochlorothiazide кај пациенти со лесно до умерено хепатално оштетување е 40mg / 12,5mg дневно; 
  • Употребата на telmisartan, hydrochlorothiazide кај пациенти со тешко хепатално оштетување е контраиндицирана.
  • Хиперсензитивност кон telmisartan
  • Хиперсензитивност кон hydrochlorothiazide
  • Хипокалиемија или хиперкалциемија; 
  • Тешка хепатална инсуфициенција, холестаза или билијарна опструкција; 
  • Рефракторна хипокалиемија / хиперкалциемија; 
  • Симптоматска хиперурикемија / гихт; 
  • Втор и трет триместар од бременоста; 
  • Тешка ренална инсуфициенција (креатинин клиренс < 30 mL/min); 
  • Истовремена употреба на лекови кои содржат алискирен кај пациенти со дијабетес мелитус или ренални нарушувања.
Рифампицин, флуконазол
  • Истовремената употреба на telmisartan, hydrochlorothiazide со рифампицин или флуконазол може да резултира со намалување на плазматската концентрација на активниот метаболит на telmisartan.
Диуретици кои штедат калиум
  • Истовремената употреба на telmisartan, hydrochlorothiazide со диуретици кои штедат калиум, како амилорид, триамтерен или спиронолактон може да го зголеми ризикот од појава на хиперкалиемија. 
Литиум
  • Истовремената употреба на telmisartan, hydrochlorothiazide со литиум може да резултира со реверзибилно зголемување на плазматската концентрација на литиумот и потенцирање на неговите токсични ефекти.
НСАИЛи
  • Истовремената употреба на telmisartan, hydrochlorothiazide со НСАИЛи може да резултира со намалување на антихипертензивниот ефект и да го зголеми ризикот од влошување на реналната функција, вклучувајќи и акутна ренална инсуфициенција и хиперкалиемија.
Селективни СОХ-2-инхибитори
  • Истовремената употреба на telmisartan, hydrochlorothiazide со селективни СОХ-2-инхибитори може да го зголеми ризикот од реверзибилно влошување на реналната функција.
АКЕ-инхибитори
  • Истовремената употреба на telmisartan, hydrochlorothiazide со АКЕ-инхибитори може да го зголеми ризикот од појава на хипотензија, хиперкалиемија и намалена ренална функција, вклучително и акутна ренална инсуфициенција.
Трициклични антидепресиви, антипсихотици, баклофен, амифостин
  • Истовремената употреба на telmisartan, hydrochlorothiazide со други лекови кои може да го намалат крвниот притисок, како трициклични антидепресиви, антипсихотици, баклофен или амифостин може да го зголеми ризикот од појава на хипотензија.
Алкохол, барбитурати, наркотици, антидепресиви
  • Истовремената употреба на telmisartan, hydrochlorothiazide со лекови кои имаат депресивен ефект на ниво на CNS, како барбитурати, наркотици и антидепресиви, вклучително и алкохол, може да го зголеми ризикот од потенцирање на ортостатската хипотензија.
Антидијабетици
  • Истовремената употреба на telmisartan, hydrochlorothiazide со антидијабетици како што е метформинот може да го зголеми ризикот од појава на лактатна ацидоза проследена со функционална ренална инсуфициенција.
Холестирамин, холестипол
  • Истовремената употреба на telmisartan, hydrochlorothiazide со холестирамин или холестипол може да резултира со намалување на апсорпцијата на hydrochlorothiazide.
Кортикостероиди, АCTH
  • Истовремената употреба на telmisartan, hydrochlorothiazide со кортикостероиди или аденокортикотропен хормон може да резултира со интензивирана хипокалиемија. 
Вазопресорни амини
  • Истовремената употреба на telmisartan, hydrochlorothiazide со вазопресорни амини како што е адреналинот може да резултира со намалување на терапевтската ефикасност на адреналинот. 
Недеполаризирачки миорелаксанси
  • Истовремената употреба на telmisartan, hydrochlorothiazide со недеполаризирачки мускулни релаксанси како што е тубокурарин може да резултира со пролонгирање на дејството на мускулните релаксанси.
Пробенецид, сулфинпиразон, алопуринол
  • Истовремената употреба на telmisartan, hydrochlorothiazide со лекови кои се користат за третман на гихт, како што се пробенецид, сулфинпиразон или алопуринол може да резултира со хиперурикемија.
Антихолинергици
  • Истовремената употреба на telmisartan, hydrochlorothiazide со антихолинергични лекови како атропин или бипериден може да резултира со зголемување на биорасположливоста на hydrochlorothiazide.
Цитотоксични лекови
  • Истовремената употреба на telmisartan, hydrochlorothiazide со цитотоксични лекови како циклофосфамид или метотрексат може да резултира со потенцирање на миелосупресивниот ефект на цитотоксичните лекови.
Салицилати
  • Истовремената употреба на telmisartan, hydrochlorothiazide со салицилати може да резултира со потенцирање на токсичните ефекти на салицилатите на ниво на CNS.
Метилдопа
  • Истовремената употреба на telmisartan, hydrochlorothiazide со метилдопа може да го зголеми ризикот од појава на хемолитичка анемија.
Циклоспорин
  • Истовремената употреба на telmisartan, hydrochlorothiazide со циклоспорин може да го зголеми ризикот од појава на хиперурикемија и компликации од типот на гихт.
Гликозиди на дигиталис
  • Истовремената употреба на telmisartan, hydrochlorothiazide со гликозиди на дигиталис може да го зголеми ризикот од појава на хипокалиемија и хипомагнеземија проследени со срцеви аритмии.
Антиаритмици
  • Истовремената употреба на telmisartan, hydrochlorothiazide со класа Ia антиаритмици (кинидин, хидрокинидин, дисопирамид) или класа III антиаритмици (амиодарон, соталол, дофетилид, ибутилид) може да го зголеми ризикот од појава на torsades de pointes.
Антипсихотици
  • Истовремената употреба на telmisartan, hydrochlorothiazide со антипсихотици како тиоридазин, хлорпромазин, левомепромазин, трифлуоперазин, циамемазин, сулпирид, султоприд, амисулпирид, тиаприд, пимозид, халоперидол и дроперидол може да го зголеми ризикот од појава на torsades de pointes.
Калциумови соли
  • Истовремената употреба на telmisartan, hydrochlorothiazide со калциумови соли може да резултира со хиперкалциемија.
Карбамазепин
  • Истовремената употреба на telmisartan, hydrochlorothiazide со карбамазепин може да го зголеми ризикот од појава на симптоматска хипонатриемија. 
Јоден контрастен медиум
  • Истовремената употреба на telmisartan, hydrochlorothiazide со јоден контрастен медиум може да го зголеми ризикот од појава на акутна ренална инсуфициенција.
Амфотерицин В, кортикостероиди, глициризин, стимулативни лаксанси
  • Истовремената употреба на telmisartan, hydrochlorothiazide со амфотерицин В, кортикостероиди, глициризин и стимулативни лаксанси може да резултира со електролитен дисбаланс, особено со хипокалиемија.
Амантадин
  • Истовремената употреба на telmisartan, hydrochlorothiazide со амантадин може да го зголеми ризикот од појава на несакани ефекти асоцирани со амантадин.

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на telmisartan, hydrochlorothiazide за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со telmisartan, hydrochlorothiazide.

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести
  • Зашеметеност, хипомагнеземија, наузеа.
Помалку чести
  • Хипокалиемија, анксиозност, синкопа, парестезија, вертиго, тахикардија, аритмија, хипотензија / ортостатска хипотензија, диспнеа, дијареа, сува уста, флатуленција, болка во грбот, мускулни спазми, мијалгија, еректилна дисфункција, градна болка, хиперурикемија, горно-респираторни инфекции, инфекции на уринарен тракт (циститис), анемија, хиперкалиемија, брадикардија, кашлица, ренални нарушувања, акутна ренална инсуфициенција, астенија.
Ретки
  • Главоболка, хиперкалциемија, тромбоцитопенија (понекогаш проследена со пурпура), намалени нивоа на хемоглобин, артроза, болка во тетивите, егзем, ерупции на кожата, токсична кожна реакција со ерупции, абдоминален дискомфорт, сомноленција, хипогликемија, хиперсензитивност, анафилакса, еозинофилија, тромбоцитопенија, сепса (понекогаш со фатален исход), покачени серумски нивоа на креатин, креатин фосфокиназа и хепатални ензими, симптоми слични на инфлуенца, болка, артралгија, мускулни спазми, болка во екстремитетите, ангиоедем (со фатален исход), еритем, пруритус, осип, хиперхидроза, уртикарија, абнормална хепатална функција, абдоминална болка, констипација, диспепсија, вомитус, гастритис, респираторен дистрес, пневмонитис, пулмонарен едем, нарушување на видот, заматен вид, инсомнија, нарушување на спиењето, депресија, хипонатриемија, хиперурикемија, егзацербација или активација на системски лупус еритематозус, бронхитис, фарингитис, синуситис. 
Многу ретки
  • Интерстицијална пулмонарна болест, хипохлоремична алкалоза, акутен респираторен дистрес синдром. 
Непознато
  • Сијалоденитис, немеланомен карцином на кожата (карцином на базалните и на сквамозните клетки), апластична анемија, хемолитичка анемија, затајување на коскената срцевина, леукопенија, неутропенија, агранулоцитоза, хиперсензитивност, анафилакса, несоодветна контрола на дијабетес мелитус, анорексија, намален апетит, електролитен дисбаланс, хиперхолестеролемија, хипергликемија, хиповолемија, немир, зашеметеност, ксантопсија, акутна миопатија, акутен глауком од затворен агол, хороидална ефузија, некротизирачки васкулитис, панкреатитис, абдоминален дискомфорт, хепатоцелуларен иктерус, холестатски иктерус, синдром сличен на лупус, фотосензитивност, кожен васкулитис, токсична епидермална некролиза, еритема мултиформе, слабост, интерстицијален нефритис, ренална дисфункција, гликозурија, пирексија, хипертриглицеридемија.

Во случај на предозирање, се препорачува индукција на емеза и корекција на водениот и електролитниот дисбаланс. 

Поради можност од појава на малаксаност и зашеметеност, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:C09DA07
Генерично име:telmisartan, hydrochlorothiazid
Латинично име:Telmisartan, hydrochlorthiazide tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:80mg / 12,5mg таблети
Производител:ЗЕНТИВА ПХАРМА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Носител на одобрение:ZENTIVA k.s., Прага, Чешка Република, S.C.SINDAN-PHARMA S.R.L., Букурешт, Романија