ХиперурикемијаСекундарна хиперурикемија од различна етиологија
Хиперурикемични состојби
- Гихт, уратна нефропатија, растворање и спречување на формирање на уратни камења.
Уратна нефропатија во текот на третманот на леукемија
Lesch-Nyhan-ов синдром
Ензимски дефицит на аденин фосфорибозилтрансфераза
Allopurinol претставува структурен аналог на пуринската база хипоксантин; по ингестија, allopurinol се конвертира во својот активен метаболит, кој претставува инхибитор на активноста на ензимот ксантин оксидаза - ензим кој е одговорен за конверзијата на хипоксантинот во ксантин, односно ксантинот во урична киселина. Со тоа, хипоксантинот и ксантинот се искористуваат за синтеза на нуклеотиди и нуклеински киселини преку процес кој е посредуван од ензимот хипоксантин-гванин фосфорибозилтрансфераза; ова резултира со зголемување на концентрацијата на нуклеотидите и последователна инхибиција на de novo синтезата на пурините. Резултатот е намалување на концентрацијата на уричната киселина во серумот и во урината, со што се намалува инциденцата за појава на симптоми на гихт.
Препорачана доза на allopurinol e 2 - 10 mgkg телесна тежина дневно, односно 100 - 200 mg дневно за поблаги облици на болеста, 300 - 600 mg дневно за умерено тешки облици на болеста и 700 - 900 mg дневно за тешки облици на болеста.
Посебни популацииПостари пациенти
- Потребно е прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Препорачана доза на allopurinol e 10 - 20 mg/kg телесна тежина дневно, до максимална доза од 400mg дневно, поделена во три поединечни дози (на секои 8 часа).
Пациенти со ренално оштетувањеТабела 1. Прилагодување на дозата
|
Креатинин клиренс (mL/min)
|
Дневна доза
|
|
>20
|
Не е потребно прилагодување на дозата
|
|
10 – 20
|
100 – 200 mg дневно
|
|
< 10
|
100mg дневно
|
Пациенти со хепатално оштетување
- Потребно е прилагодување на дозата.
Поради можност од појава на вртоглавица, сомноленција и атаксија, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.