Лек: Оикамид

  • ATC код:N06BX03
  • Компанија:ПЛИВА дооел
  • Доза:400mg тврди капсули
Третман на миоклонус од кортикално потекло без оглед на етиологијата
  • Се користи како монотерапија или во комбинација со други лекови.
Третман на афазија (нарушување на способноста за говорење)
  • Применливо во комбинација со интензивни логопедски вежби.
Дополнителен третман на дислексија
  • Применливо кај деца и адолесценти на возраст од 8 години и постари, во комбинација со говорна терапија. 

Piracetam претставува лек од групата ноотропици, кој делува преку механизам на врзување за поларните глави на ниво на фосфолипидна мембрана, а резултантните лек-липид комплекси имаат способност да ја регулираат функцијата на липидната мембрана и да индуцираат обновување на нејзините ламеларни структури. Piracetam исто така го супримира дестабилизирачкиот ефект на амилоидниот пептид. Овој механизам овозможува подобрување на стабилноста на мембраната, ги олеснува мембранскиот транспорт и невротрансмисијата, ја подобрува невропластичноста и овозможува мембранските и трансмембранските протеини да ја задржат и да ја обноват својата тродимензионална структура, што е важно за нивната функција.

Piracetam промовира невропротективен и антиконвулзивен ефект на ниво на неврон, кој се манифестира преку механизам на постсинаптичка модулација на густината и рецепторната активност.

Миоклонус од кортикално потекло
  • Препорачана почетна доза на piracetam е 7,2g на ден (18 капсули од 400mg), поделено во 2 или 3 дози. Дозата потоа се зголемува на секои 3 до 4 дена за 4,8g дневно, до максимална доза од 24g на ден (60 капсули од 400mg);
  • Кај пациенти со акутна епизода на болеста, истата може со тек на време спонтано да се повлекува и потребно е на секои 6 месеци да се намалува дозата или да се прекине употребата на лекот; ова се постигнува со намалува на дозата на piracetam за 1,2g на секои два дена (на секои три или четири дена во случај на Lancе-ов или Adams-ов синдром, со цел да се спречи можноста од појава на ненадеен релапс или напади поради прекинот на употребата на лекот).
Хронична афазија
  • Препорачана доза на piracetam е 4,8g дневно (12 капсули од 400mg) во комбинација со интензивни логопедски вежби во текот на неколку месеци.
Посебни популации
Постари пациенти
  • Препорачливо е прилагодување на дозата, во насока на нејзино намалување.
Деца и адолесценти
  • Лекување на дислексија во комбинација со говорна терапија – кај деца на возраст од 8 години и постари и кај адолесценти, препорачаната дневна доза на piracetam е 3,2g, поделена во две поединечни дози (4 капсули од 400mg, двапати на ден). Не се препорачува употреба на piracetam кај деца на возраст под 8 години.  
Пациенти со ренално оштетување
  • Препорачливо е прилагодување на дозата (Табела 1.).

Табела 1. Прилагодување на дозата на piracetam во зависност од степенот на ренално оштетување

Ренална функција

eGFR (mL/min/1,72m2)

Дозирање и фреквенција

Зачувана

>  90

Вообичаена дневна доза, поделена во 2-4 поединечни дози

Благо намалена

60 – 89

2/3 од вообичаената дневна доза, поделена во 2 или 3 поединечни дози

Умерено намалена

30 – 59

1/3 од вообичаената дневна доза, поделена во 2 поединечни дози

Изразено намалена

15 – 29

1/6 од вообичаената дневна доза, 1 поединечна доза

Ренално оштетување во завршна фаза

≤ 15

Контраиндицирано

 

Пациенти со хепатално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
  • Хиперсензитивност кон piracetam;
  • Ренална инсуфициенција во завршен стадиум (eGFR ≤ 15mL/min/1,73m2);
  • Историја на церебрално крварење;
  • Huntington-ова болест (Huntington-ова хореа).
Тироидни хормони
  • Истовремената употреба на piracetam со тироидни хормони може да резултира со појава на конфузија, раздразливост и нарушување во спиењето.
Варфарин, аспирин или аценокумарол
  • Piracetam во доза од 9,6g дневно не ги менува дозите на аценокумарол кои се потребни за да се постигне INR од 2,5 – 3,5, меѓутоа во споредба со ефектите на аценокумарол даден како монотерапија, додавањето на piracetam во доза од 9,6g дневно резултира со значително намалување на агрегацијата на тромбоцитите, ослободувањето на β-тромбоглобулин, нивото на фибриноген и Von Willebrand-овиот фактор (VIII: C; VIII: vW: Ag; VIII: vW : RCo) и вискозитетот на полната крв и плазмата.
  • Аспиринот може да ја намали брзината на елиминација на piracetam, што резултира со покачување на неговите серумски нивоа.
Антиепилептици
Алкохол

Piracetam може да се зема со или без храна.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на piracetam за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува употреба на piracetam за време на доење.

Нема податоци. 

Чести
  • Нервоза, хиперкинезија, обезност.
Помалку чести
  • Депресија, сомноленција, астенија.
Непознато
  • Хеморагични нарушувања (крварење), анафилактоидни реакции, реакции на хиперсензитивност, нервоза, вознемиреност, конфузија, халуцинации, атаксија, вртоглавица, нарушување на рамнотежата, влошување на епилепсијата, главоболка, инсомнија, абдоминална болка, болка во горниот дел на стомакот, дијареа, гадење, повраќање, ангионевротски едем, дерматитис, пруритус, уртикарија.
Многу чести

/

Ретки

/

Многу ретки

/

Симптоми
  • Симптом на предозирање кој се јавува при употреба на piracetam во доза од 75g е крвава дијареа проследена со абдоминални болки.
Третман
  • Не постои специфичен антидот за предозирање со piracetam. Поради тоа, при акутно значајно предозирање, најчесто се пристапува кон лаважа на желудникот или кон индукција на емеза. Третманот на предозирањето е симптоматски и вклучува хемодијализа.

Piracetam може да предизвика екстремна поспаност и хиперкинезија и истиот може негативно да влијае врз способноста за возење или управување со машини, па поради тоа се препорачува голема претпазливост. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:N06BX03
Генерично име:piracetam
Латинично име:Piracetam hard capsules
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:400mg тврди капсули
Производител:ПЛИВА дооел
Носител на одобрение:PLIVA Hrvatska d.o.o, Загреб, Хрватска