Лек: Пирамем

  • ATC код:N06BX03
  • Компанија:АКТАВИС Интернационал Лимитед, Претставништво
  • Доза:800mg филм-обложени таблети
Третман на пост-аноксичен миоклонус
Дополнителен третман на дислексија
Третман на алкохолна психоза

Piracetam претставува лек од групата ноотропици, кој делува преку механизам на врзување за поларните глави на ниво на фосфолипидна мембрана, а резултантните лек-липид комплекси имаат способност да ја регулираат функцијата на липидната мембрана и да индуцираат обновување на нејзините ламеларни структури. Piracetam исто така го супримира дестабилизирачкиот ефект на амилоидниот пептид. Овој механизам овозможува подобрување на стабилноста на мембраната, ги олеснува мембранскиот транспорт и невротрансмисијата, ја подобрува невропластичноста и овозможува мембранските и трансмембранските протеини да ја задржат и да ја обноват својата тродимензионална структура, што е важно за нивната функција.

Piracetam промовира невропротективен и антиконвулзивен ефект на ниво на неврон, кој се манифестира преку механизам на постсинаптичка модулација на густината и рецепторната активност.

Препорачана почетна доза на piracetam е 7,2g (9 таблети од 800mg) поделени во 2 или 3 дози. Дозата потоа се зголемува на секои 3 до 4 дена за 4,8g дневно (6 таблети од 800mg) до максимална дневна доза од 20g, поделена во 2 или 3 дози.

Пост-аноксичен миоклонус кај возрасни
  • Препорачана почетна доза на piracetam e 12g, администриран во облик на интравенска инјекција или инфузија, во текот на 7-14 дена, со постепено намалување на дозата, а потоа се продолжува со перорален третман.
Дислексија кај деца постари од 6 години
  • Препорачана доза на piracetam е 50 – 100 mg/kg/ден, поделени во две дози.
Посебни популации
Пациенти со ренално оштетување
  • Препорачливо е прилагодување на дозата (Табела 1.).

Табела 1. Прилагодување на дозата на piracetam во зависност од степенот на ренално оштетување

Ренална инсуфициенција

Креатинин клиренс (mL/min)

Дозирање

Блага

50 – 79

2/3 од препорачаната дневна доза, поделена во 2-3 поединечни дози

Умерена

30 – 49

1/3 од препорачаната дневна доза, поделена во 2 поединечни дози  

Тешка

< 30

1/6 од препорачаната дневна доза, еднаш дневно; 

Тешка

< 20

Контраиндицирано

 

  • Хиперсензитивност кон piracetam;
  • Ренална инсуфициенција во завршен стадиум (eGFR ≤ 15mL/min/1,73m2);
  • Историја на церебрално крварење;
  • Huntington-ова болест (Huntington-ова хореа).
Тироидни хормони
  • Истовремената употреба на piracetam со тироидни хормони може да резултира со појава на конфузија, раздразливост и нарушување во спиењето.
Клоназепам и прекурсори на ацетилхолин
  • Истовремената употреба на piracetam со клоназепам или прекурсори на ацетилхолин може да резултира со потенцирање на фармаколошката активност на piracetam
Варфарин, аспирин или аценокумарол
  • Piracetam во доза од 9,6g дневно не ги менува дозите на аценокумарол кои се потребни за да се постигне INR од 2,5 – 3,5, меѓутоа во споредба со ефектите на аценокумарол даден како монотерапија, додавањето на piracetam во доза од 9,6g дневно резултира со значително намалување на агрегацијата на тромбоцитите, ослободувањето на β-тромбоглобулин, нивото на фибриноген и Von Willebrand-овиот фактор (VIII: C; VIII: vW: Ag; VIII: vW : RCo) и вискозитетот на полната крв и плазмата.
  • Аспиринот може да ја намали брзината на елиминација на piracetam, што резултира со покачување на неговите серумски нивоа.
Антиепилептици
Алкохол

Piracetam може да се зема со или без храна.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на piracetam за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува употреба на piracetam за време на доење.

Нема податоци. 

Чести
  • Нервоза, хиперкинезија, обезност. 
Помалку чести
  • Депресија, сомноленција, астенија.
Непознато
  • Хеморагични нарушувања (крварење), анафилактоидни реакции, реакции на хиперсензитивност, нервоза, вознемиреност, конфузија, халуцинации, атаксија, вртоглавица, нарушување на рамнотежата, влошување на епилепсијата, главоболка, инсомнија, абдоминална болка, болка во горниот дел на стомакот, дијареа, гадење, повраќање, ангионевротски едем, дерматитис, пруритус, уртикарија.
Многу чести

/

Ретки

/

Многу ретки

/

Во случај на предозирање, се препорачува внимателно следење на општата состојба на пациентот, со особено одржување на добра хидратација и следење на реналната функција, од аспект на излачување на урина.

Piracetam може да предизвика екстремна поспаност и хиперкинезија и истиот може негативно да влијае врз способноста за возење или управување со машини, па поради тоа се препорачува голема претпазливост. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:N06BX03
Генерично име:piracetam
Латинично име:Piracetam film-coated tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:800mg филм-обложени таблети
Производител:АКТАВИС Интернационал Лимитед, Претставништво
Носител на одобрение:BALKANPHARMA-RAZGRAD AD, Разград, Бугарија, BALKANPHARMA-DUPNITZA AD, Дупница, Бугарија