Воспоставување и одржување на рамнотежата и функцијата на интестиналната микрофлора
Превенција и дополнителен третман на дијареа, флатуленција и други дигестивни нарушувања
- Предизвикани од вирусни или бактериски гастроинтестинални инфекции (на пр. ротавирус инфекции).
Истовремена употреба на антибиотици
- Bifidobacterium се администрира најмалку 3 часа по администрација на антибиотикот.
Bifidobacterium претставуваат млечно-киселински бактерии (Bifidobacterium animalis subsp. Lactis) кои се дел од нормалната интестинална микрофлора; механизмот на дејство подразбира намалување на интестиналната рН-вредност како резултат на создавање на киселини, создавање на метаболити кои се токсични за патогените бактерии, создавање на антибактериски супстанци (бактериоцини), компетиција со патогените бактерии за хранливите материи и окупација на рецепторите за атхезија и последователно спречување на колонизација на други потенцијално-патогени микроорганизми.
Препорачана доза на bifidobacterium кај педијатриски пациенти на возраст од 2 - 12 години е една кесичка, еднаш до двапати дневно.
Препорачана доза на bifidobacterium кај новороденчиња и педијатриски пациенти до 2-годишна возраст е една кесичка дневно.
Нема клинички значајни интеракции.
Bifidobacterium е наменет за употреба исклучиво кај педијатриски пациенти.
Нема пријавени случаи на предозирање.
Bifidobacterium е наменет за употреба исклучиво кај педијатриски пациенти.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.