Симптоматски третман на функционална астенија
L-citrulline претставува прекурсор за синтеза на азотен оксид, на што се должат неговите анти-атерогени својства. Азотниот оксид се синтетизира во сите хумани ткива и истиот има важна улога во регулацијата на кардиоваскуларниот систем, имуниот систем и нервниот систем. Азотниот оксид се синтетизира од L-аргинин, под дејство на ензимот азотен оксид синтетаза, којшто пак L-аргинин се добива од L-citrulline под дејство на ензимот аргининосукцинат синтетаза. Дејството на азотниот оксид е генерално посредувано од 3',5'-цикличниот гванозин монофосфат; азотниот оксид го активира ензимот гванилат циклаза, кој посредува во синтезата на cGMP од гванозин трифосфат. cGMP понатаму се конвертира во гванилинска киселина под дејство на ензимот cGMP-фосфодиестераза.
L-citrulline е вклучен во циклусот на уреа, предизвикува вазодилатација, ја подобрува циркулацијата и придонесува за изградба на мускулна маса.
Препорачана доза на citrulline malate за возрасни пациенти е 3 кесички дневно, поделени во неколку дози; времетраењето на третманот е 4 недели.
Препорачана доза на citrulline malate за педијатриски пациенти над 12-годишна возраст е 2 кесички дневно, поделени во неколку дози; времетраењето на третманот е 4 недели.
Нема клинички значајни интеракции.
Ретко се јавува блага гастралгија на почетокот на третманот.
Нема пријавени случаи на предозирање.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.