Симптоматска коронарна кардијална болест Хронична стабилна ангина пекторис
Нестабилна ангина пекторис
- Крешендо ангина / ангина во мирување.
Вазоспастична ангина пекторис
- Принцметал ангина / варијантна ангина.
Хипертензија
Diltiazem претставува блокатор на калциумови канали и антиаритмик од IV класа, кој делува преку механизам на инхибиција на инфлуксот на калциумови јони преку калциумовите канали сместени на мембраните на клетките на васкуларните мазните мускули (на ѕидот на системските и коронарните артерии), во миокардијалните клетки и во клетките на кардијалниот спроводен систем. Со блокирањето на калциумовите канали се постигнува намалување на срцевиот автоматизам, се намалува кардијалната спроводливост и се продолжува рефракторниот период.
Diltiazem може да предизвика реверзибилна репродуктивна токсичност кај мажите.
Поради можност од појава на вртоглавица и хипорефлексија, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.