Локално-напреден или метастатски карцином на мочниот меур
- Применливо во комбинација со цисплатин.
Локално-напреден или метастатски аденокарцином на панкреасот
Локално-напреден или метастатски не-ситноклеточен карцином на белите дробови
- Применливо во комбинација со цисплатин.
Локално-напреден или метастатски епителен оваријален карцином
- Применливо во комбинација со карбоплатин.
Нересектабилен, локално-напреднат или метастатски карцином на дојка
- Применливо во комбинација со паклитаксел.
Gemcitabine претставува потентен и специфичен аналог на дезоксицитидин. Откако ќе биде преземен од страна на малигните клетки, gemcitabine се фосфорилира од страна на дезоксицитидин киназата со цел формирање на гемцитабин монофосфат, а со понатамошна фосфорилација се добива гемцитабин дифосфат и гемцитабин трифосфат. Овие активни метаболити на gemcitabine се инкорпорираат во структурата на DNA-молекулот, така што компетитивно ја инхибираат елонгацијата на DNA-хеликсот и доведуваат до DNA-терминација, фрагментација и апоптоза на малигните клетки.
Нема клинички значајни интеракции.
Gemcitabine може да предизвика хипосперматогенеза и инфертилност кај мажи.
Во случај на предозирање, се препорачува примена на симптоматски и супортивен третман.
Поради можност од појава на сомноленција, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.