Лек: Гликлада

  • ATC код:A10BB09
  • Компанија:КРКА - ФАРМА дооел
  • Доза:30mg таблети со модифицирано ослободување (30 таблети (блистер 2 х 15)/кутија)
Дијабетес мелитус тип 2

Gliclazide претставува орален антихипергликемичен агенс кој ги блокира АТР-сензитивните калиумови канали преку механизам на неспецифично врзување за β-субединиците на рецепторите на сулфанилуреа (SUR-1 и SUR-2A), со цел индукција на ослободување на инсулин од β-клетките на Лангерхансовите островчиња на пакреасот.

Препорачана почетна доза на gliclazide e 30mg дневно, администрирана за време на појадокот; оваа доза по потреба може да се зголемува на месечни интервали, се' до максимална дневна доза од 120mg. 

Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
  • Нема податоци.
Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Нема податоци.
  • Хиперсензитивност кон gliclazide
  • Дијабетес мелитус тип 1; 
  • Дијабетична пре-кома и кома; 
  • Дијабетична кетоацидоза;
  • ​Тешко нарушување на реналната или хепаталната функција< 
  • Бременост и доење;
  • Истовремена употреба на миконазол.
Лекови кои го потенцираат хипогликемичниот ефект
  • Фенилбутазон, азапропазон, оксифенбутазон; 
  • Инсулин и други орални антидијабетици (метформин); 
  • Салицилати / р-аминосалицилна киселина; 
  • Анаболни стероиди и машки полови хормони; 
  • Хлорамфеникол, долго-делувачки сулфонамиди, тетрациклини, кинолони, кларитромицин; 
  • Кумарински антикоагуланси;
  • Фенфлурамин; 
  • Дисопирамид; 
  • Фибрати; 
  • АКЕ-инхибитори; 
  • Флуоксетин, МАО-инхибитори; 
  • Алопуринол, пробенецид, сулфинпиразон; 
  • Симпатолитици; 
  • Циклофосфамид, трифосфамид, изофосфамид; 
  • Миконазол, флуконазол; 
  • Пентоксифилин; 
  • Тритоквалин.
Лекови кои го намалуваат хипогликемичниот ефект
  • Естрогени и прогестерон; 
  • Салиуретици, тиазидни диуретици; 
  • Тиреостимулатори, глукокортикоиди; 
  • Фенотиазински деривати, хлорпромазин; 
  • Адреналин и симпатомиметици; 
  • Никотинска киселина / деривати на никотинска киселина; 
  • Лаксанси; 
  • Фенитоин, диазоксид; 
  • Глукагон, барбитурати, рифампицин; 
  • Ацетазоламид.
Други лекови кои може да го променат дејството на glibenclamide
  • Хистаминергични Н2-антагонисти; 
  • Клонидин, гванетидин, резерпин; 
  • Алкохол.
Кумарински деривати
  • Истовремената употреба на gliclazide со кумарински деривати може да резултира со зголемување или намалување на терапевтската ефикасност на кумаринските деривати.
Циклоспорин
  • Истовремената употреба на gliclazide со циклоспорин може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на циклоспорин.
Босентан
  • Истовремената употреба на gliclazide со босентан може да ја зголеми инциденцата за покачување на серумските нивоа на хепаталните трансаминази.

Нема влијание. 

Бременост
  • За време на бременост, третманот со gliclazide треба да се замени со инсулин.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со gliclazide.

Кај жени во репродуктивен период, третманот со gliclazide треба да се замени со инсулин.

Многу чести

/

Чести
  • Алергиски и/или псевдоалергиски реакции (пруритус, кожен осип).
Помалку чести
  • Хипогликемија (понекогаш долготрајна и живото-загрозувачка), главоболка, зголемен апетит, наузеа, вомитус, замор, сонливост, нарушен сон, немир, агресивност, намалена концентрација, намалена будност и арефлексија, депресија, конфузија, нарушен говор, афазија, нарушен вид, тремор, пареза, сензорни нарушувања, вртоглавица, губење на самоконтролата и чувство на беспомошност, делириум, церебрални конвулзии, сомноленција и губење на свеста со прогресија до кома, диспнеа и брадикардија, потење / студена и влажна кожа, анксиозност, тахикардија, хипертензија, палпитации, ангина пекторис, кардијална аритмија, реверзибилно нарушување на видот, наузеа, вомитус, чувство на гастрична исполнетост, абдоминална болка и дијареа.
Ретки
  • Лесна до тешка тромбоцитопенија.
Многу ретки
  • Хемолитичка анемија, еритроцитопенија, леукопенија, гранулоцитопенија, агранулоцитоза, панцитопенија, хипертрансаминазиемија, нарушена хепатална функција, холестаза, иктерус, хепатитис, живото-загрозувачка хепатална инсуфициенција, холестатски иктерус, уртикарија, диспнеа, хипотензија со прогресија до шок.
Непознато
  • Алергиски васкулитис, хипонатриемија.
Симптоми
  • Тешка живото-загрозувачка хипогликемија. 
Третман
  • Интравенска болус инјекција на 50mL 50% раствор на глукоза во случај на сериозна интоксикација, проследена со инфузија на 10% раствор на глукоза.

Се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:A10BB09
Генерично име:gliclazide
Латинично име:Gliclazide modified-release tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:30mg таблети со модифицирано ослободување (30 таблети (блистер 2 х 15)/кутија)
Производител:КРКА - ФАРМА дооел
Носител на одобрение:KRKA, d.d., Novo mesto (Шмајрешка цеста 6), Ново Место, Словенија