Новодијагностицирана хронична миелоидна леукемија со позитивен Филаделфија-хромозом
Новодијагностицирана акутна миелоидна лимфобластна леукемија со позитивен Филаделфија-хромозом
Релапсна или рефракторна акутна лимфобластна леукемија со позитивен Филаделфија-хромозом
Миелодиспластични / миелопролиферативни заболувања
Хипереозинофилен синдром во напредна фаза
Хронична еозинофилна леукемија
Пациенти со Kit (CD117) позитивни иноперабилни и/или метастатски малигни гастроинтестинални стромални тумори
- Применливо и како адјувантна терапија кај возрасни пациенти кои имаат сигнификантен ризик за релапс по хируршко отстранување на Kit (CD117)-позитивен метастатски малиген гастроинтестинален стромален тумор.
Иноперабилен дерматофибросарком протуберанс
Imatinib претставува инхибитор на протеин-тирозин киназата кој врши инхибиција на BCR-ABL тирозин-киназата која се добива како последица на абнормалности на т.н. Филаделфија-хромозом кај пациенти со хронична миелоидна леукемија; механизмот на дејство подразбира врзување на imatinib за АТР-џебот на активното место на ензимот, со што превенира фосфорилација на таргет-протеините.
Imatinib може да има негативно влијание врз машката и женската репродуктивност.
Пради можност од појава на зашеметеност, заматен вид или сомноленција, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.