Предизвикување на диуреза за превенција или третман на олигурија
- Применливо во случај на акутна ренална инсуфициенција пред нарушувањето на реналната функција да биде иреверзибилно.
Форсирана осмотска диуреза
- Применливо при интоксикација со барбитурати со долго дејство и/или со салицилати.
Намалување на покачен интракранијален притисок
Третман на церебрален едем
Намалување на интраокуларниот притисок
Стимулација на уринарната екскреција на токсини
Mannitol претставува осмотски диуретик кој ја зголемува плазматската осмоларност, што резултира со олеснето преминување на водата од ткивата во централната циркулација по пат на осмоза, особено од мозокот / цереброспиналната течност, во интерстициумот и во плазмата. Како резултат на тоа, доаѓа до намалување на церебралните едеми, се намалува интракранијалниот притисок и волуменот на цереброспиналната течност. Како антиглаукома агенс, mannitol го олеснува трансферот на водениот хумор од окото во централната циркулација и со тоа го намалува покачениот интраокуларен притисок.
Препорачана вообичаена доза на mannitol е 20 - 100 g дневно, односно 50 - 100 g дневно.
Администрираната доза на mannitol треба да обезбеди одржување на уринарен проток од 30 - 50 mL/h.
Превенција на акутна ренална инсуфициенција (олигурија)
- Препорачана доза на mannitol е 50 - 100 g дневно.
Третман на олигурија
- Препорачана доза на mannitol е 100g дневно, администрирана во облик на 20% раствор.
Намалување на интраокуларниот притисок
- Препорачана доза на mannitol е 1,5 - 2 g/kg телесна тежина, администрирана во облик на 20% раствор (7,5 - 10 mL/kg), во период пократок од 30 минути.
Намалување на интракранијалниот притисок
- Препорачана доза на mannitol е 0,25 g/kg телесна тежина на секои 6 - 8 часа.
Други диуретици
- Истовремената употреба на mannitol со други диуретици може да резултира со потенцирање на несаканите ефекти на mannitol.
Лекови кои го зголемуваат ефектот на вазопресин Не се препорачува истовремена употреба на mannitol со лекови кои го зголемуваат ризикот од намалена ренална екскреција на електролити и на слободна вода, односно кои го зголемуваат ризикот од појава на хипонатриемија. Такви лекови се:
- Лекови кои го стимулираат ослободувањето на вазопресин - хлорпропамид, клофибрат, карбамазепин, винкристин, селективни инхибитори на серотонинското ре-преземање, 3,4-метилендиокси-N-метамфетамин, ифосфамид, антипсихотици, наркотици;
- Лекови кои го потенцираат ефектот на вазопресин - хлорпропамид, НСАИЛи, циклофосфамид;
- Аналози на вазопресин - окситоцин, дезмопресин, вазопресин, терлипресин.
Литиум, метотрексат
- Истовремената употреба на mannitol со литиум или метотрексат може да резултира со намалување на плазматската концентрација на литиум и на метотрексат.
Циклоспорин
- Истовремената употреба на mannitol со циклоспорин може да го зголеми ризикот од појава на кумулативна токсичност поради електролитен дисбаланс и да го зголеми ризикот од појава на нефротоксичност.
Аминогликозиди
- Истовремената употреба на mannitol со аминогликозиди може да го зголеми ризикот од појава на ототоксичност.
Орални антикоагуланси
- Истовремената употреба на mannitol со орални антикоагуланси може да резултира со намалување на терапевтската ефикасност на оралните антикоагуланси.
Дигоксин
- Истовремената употреба на mannitol со дигоксин може да го зголеми ризикот од манифестација на токсичните ефекти на дигоксин во случај на хипокалиемија индуцирана од mannitol.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.