Третман и профилакса на крварење кај пациенти над 12-годишна возраст со хемофилија A (конгенитален дефицит на фактор VIII)
Rurioctocog alfa, pegol претставува PEG-илиран рекомбинантен хуман фактор VIII кој се користи за профилакса и третман на хеморагични епизоди асоцирани со хемофилија А кај пациенти со конгенитален дефицит на фактор VIII.
Rurioctocog alfa, pegol се администрира во облик на интравенска инфузија, во тек на неколку минути по реконституција на прашокот во стерилен раствор на натриум хлорид.
Максималната брзина на администрација е 10 mL/min.
Хеморагични епизоди и хируршки интервенции Tабела 1. Прилагодување на дозата
Степен на хеморагија / тип на хируршки зафат
|
Потребно ниво на фактор VIII (изразено во % или IE/dL)
|
Фреквенција на дозирање (часови) / времетраење на терапијата (денови)
|
Хеморагија
|
Рана хемартроза, мускулно крварење или крварење од устата
|
20 – 40
|
повторување на секои 12 - 24 часа, најмалку 1 ден
|
Пообемна хемартроза, хематом или мускулно крварење
|
30 – 60
|
повторување на секои 12 - 24 часа, во период од 3 – 4 дена
|
Животозагрозувачка хеморагија
|
60 – 100
|
повторување на секои 8 – 24 часа
|
Операција
|
Помала операција (вадење заб)
|
30 – 60
|
повторување на секои 24 часа, најмалку 1 ден
|
Поголема операција
|
80 – 100 (пре- и пост-оперативно)
|
повторување на секои 8 – 24 часа до целосно заздравување, а потоа повторување на дозата во наредните 7 дена
|
Профилакса
- Препорачана доза на rurioctocog alfa, pegol e 40 - 50 IU/kg телесна тежина, администрирана двапати неделно, на секои 3 - 4 дена.
Педијатриска популација
- Не е потребно прилагодување на дозата кај педијатриски пациенти на возраст од 12 - 18 години.
Нема клинички значајни интеракции.
Нема пријавени случаи на предозирање.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.