Methadone претставува синтетски опиоиден аналгетик, агонист на µ-опиоидните рецептори и агонист на k-опиоидните рецептори сместени во централниот и периферниот нервен систем. Methadone исто така претставува антагонист на рецепторите на N-метил-D-аспартат и врши инхибиција на ре-преземањето на серотонин и норепинефрин - механизам кој води до манифестација на антиноцицептивна активност.
Детоксикација
- Препорачана дневна доза на methadone e 40 - 60 mg;
- По стабилизација на симптомите на пациентот, дозата на methadone може постепено да се намалува - секојдневно или на секои 2 дена, се' до целосен прекин на терапијата.
Терапија на одржување
- Препорачана почетна доза на methadone e 30mg, а по 3 - 8 часа се администрира дополнителна доза од 10mg, по потреба.
Табела 1. Прилагодување на дозата
Ден
|
Време (h)
|
Доза (mg)
|
1
|
0
|
20 – 30
|
1
|
3+
|
5 – 10
|
1
|
6+
|
5 – 10
|
2
|
0
|
5, 10 или 20mg повеќе од вкупната доза од претходниот ден
|
2
|
3+
|
5 – 10
|
3
|
0
|
5, 10 или 20mg повеќе од вкупната доза од претходниот ден
|
4 - 10
|
0
|
5, 10 или 20mg повеќе од вкупната доза од претходниот ден
|
Посебни популацииПостари пациенти
- Се препорачува примена на најниската ефективна доза.
Пациенти со ренално оштетување
- Кај пациенти со лесна ренална инсуфициенција (креатинин клиренс < 50 mL/min), се препорачува да се зголеми дозниот интервал, односно дозите да се администрираат на секои 6 часа;
- Кај пациенти со умерена ренална инсуфициенција (креатинин клиренс 10 - 50 mL/min), се препорачува да се зголеми дозниот интервал, односно дозите да се администрираат на секои 8 часа;
- Кај пациенти со тешка ренална инсуфициенција се препорачува да се зголеми дозниот интервал, односно дозите да се администрираат на секои 8 - 12 часа.
Пациенти со хепатално оштетување
- Потребно е прилагодување на дозата.
Поради можност од појава на сомноленција и хипорефлексија, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.