Methadone претставува синтетски опиоиден аналгетик, агонист на µ-опиоидните рецептори и агонист на k-опиоидните рецептори сместени во централниот и периферниот нервен систем. Methadone исто така претставува антагонист на рецепторите на N-метил-D-аспартат и врши инхибиција на ре-преземањето на серотонин и норепинефрин - механизам кој води до манифестација на антиноцицептивна активност.
15 - 20 mg methadone (еквивалентно на 3 - 4 mL раствор) од почетната доза се администрира наутро, првиот ден. Понатаму, се продолжува со администрација на 10 - 25 mg (2 - 5 mL раствор), администрирана вечерта, првиот ден.
По 1 - 6 дена, дневната доза се администрира еднаш дневно, наутро.
Во случај на појава на апстиненцијални симптоми, постои можност за зголемување на дозата за 5 - 10 mg дневно.
Дозата на одржување изнесува 60mg (12mL раствор).
Посебни популацииПостари пациенти
- Се препорачува примена на најниската ефективна доза.
Пациенти со ренално оштетување
- Потребно е прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
- Потребно е прилагодување на дозата.
Поради можност од појава на сомноленција и хипорефлексија, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.