Лек: Беналгин

  • ATC код:N02BB52
  • Компанија:ПЛИВА дооел
  • Доза:500mg / 50mg / 38,75mg таблети (20 таблети (блистер 2 х 10)/кутија)
Главоболка
  • Применливо при мигрена или тензиона главоболка.
Инфламаторни и дегенеративни заболувања на локомоторниот систем
Пост-оперативни состојби
Дисменореја
Заболувања на периферниот нервен систем
  • Применливо при радикулитис, плекситис, невритис, невралгија, полиневритис и полиневропатија.
Metamizole sodium
  • Metamizole sodium претставува аналгетик и антипиретик со спазмолитичко дејство, а е класифициран како слаб неселективен анти-инфламаторен лек; metamizole sodium ја инхибира простагландин-Е2-индуцираната хипералгезија преку механизам на активација на цикличниот гванозин-3'5'-монофосфат и преку отворање на АТР-зависните калиумови канали. Дополнително, metamizole sodium ja инхибира активноста на циклооксигеназите СОХ-1 и СОХ-2, со најголем афинитет кон СОХ-3, како резултат на шо се инхибира синтезата на проинфламаторните простагландини.
Caffeine
  • Caffeine претставува лек од групата на психоаналептици, ксантински дериват кој делува преку механизам на блокирање на аденозинските рецептори А1 и А2А; со блокирање на овие рецептори се олеснува дишењето, односно се зголемува проодноста на дишните патишта бидејќи доаѓа до стимулација на центарот за дишење на ниво на централниот нервен систем, а дополнително се зголемува и контрактилноста на дијафрагмата и се зголемува искористеноста на кислородот.
Thiamine
  • Thiamine или витамин В1 претставува витамин со антиоксидативна, еритропоетичка и детоксикациска активност кој делува преку механизам на инхибиција на интрацелуларната протеинска гликација на ниво на ендотелијалните клетки. Неговите активни фосфатни форми претставуваат коензими кои имаат улога во голем број биолошки процеси. 

Препорачана доза на metamizole sodium, caffeine, thiamine за возрасни пациенти е 1 таблета на секои 8 часа.

Препорачана доза на metamizole sodium, caffeine, thiamine за педијатриски пациенти на возраст од 12 - 16 години е 1/2 - 1 таблета на секои 8 часа.

  • Хиперсензитивност кон metamizole sodium; 
  • Хиперсензитивност кон caffeine
  • Хиперсензитивност кон thiamine
  • Хематопоетски нарушувања (леукопенија, анемија, тромбоцитопенија);
  • Хепатална порфирија; 
  • Конгенитален дефицит на глукоза-6-фосфат дехидрогеназа; 
  • Бронхијална астма; 
  • Тешки хепатални и ренални нарушувања; 
  • Педијатриски пациенти под 12-годишна возраст; 
  • Бременост и доење.
Други аналгетици, антипиретици и антиинфламаторни агенси
  • Истовремената употреба на metamizole sodium, caffeine, thiamine со други аналгетици, антипиретици и антиинфламаторни агенси може да го зголеми ризикот од појава на реакции на хиперсензитивност. 
Орални контрацептиви, алопуринол
  • Истовремената употреба на metamizole sodium, caffeine, thiamine со некои орални контрацептиви или алопуринол може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на metamizole sodium.
Циклоспорин А
  • Истовремената употреба на metamizole sodium, caffeine, thiamine со циклоспорин А може да резултира со намалување на плазматската концентрација на циклоспорин А.
Симпатомиметици
  • Истовремената употреба на metamizole sodium, caffeine, thiamine со симпатомиметици може да го зголеми ризикот од ексцитација на CNS.
Супстрати на CYP450 3А4 и CYP450 2B6
  • Истовремената употреба на metamizole sodium, caffeine, thiamine со супстрати на CYP450 3A4 и на CYP450 2B6 како бупропион, ефавиренз, метадон, валпроат, циклоспорин, такролимус или сертралин може да резултира со намалување на плазматската концентрација на овие лекови.

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на metamizole sodium, caffeine, thiamine за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со metamizole sodium, caffeine, thiamine.

Нема податоци.

Нарушувања на кожата и поткожните ткива
  • Кожен раш, пруритус, реакција на лекот со еозинофилија и системски симптоми.
Нарушувања на имунолошки систем
  • Бронхоспазам, алергиски шок, анафилактоидни реакции.
Нарушувања на нервниот систем
  • Инсомнија, вертиго, хиперексцитација.
Нарушувања на крвта и лимфниот систем
  • Транзиторна леукопенија, агранулоцитоза, хемолитичка анемија, пурпура, тромбоцитопенија.
Гастроинтестинални нарушувања
  • Губење на апетитот, мачнина, вомитус, холестаза, илеус. 
Хепатобилијарни нарушувања
  • Хепатална повреда предизвикана од лекови, акутен хепатитис, иктерус, хипертрансаминазиемија.
Симптоми
  • Мачнина, вомитус, ексцитација, инсомнија, главоболка, вертиго, тинитус, мелена, хематемеза, олигурија до анурија, елептиформни конвулзии, апластична и хемолитичка анемија, хеморагична дијатеза.
Третман
  • Индукција на емеза; 
  • Гастрична лаважа; 
  • Администрација на активен јаглен; 
  • Администрација на лаксанси; 
  • Симптоматски и супортивен третман.

Нема влијание. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:N02BB52
Генерично име:metamizole sodium, caffeine, thiamine
Латинично име:Metamizole sodium, caffeine, thiamine tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:500mg / 50mg / 38,75mg таблети (20 таблети (блистер 2 х 10)/кутија)
Производител:ПЛИВА дооел
Носител на одобрение:BALKANPHARMA-RAZGRAD AD, Разград, Бугарија, BALKANPHARMA-DUPNITZA AD, Дупница, Бугарија