Лек: Пропофол-Липуро

  • ATC код:N01AX10
  • Компанија:Б.Браун Адриа д.о.о. Загреб, Претставништво
  • Доза:10 mg/mL емулзија за инјектирање или инфузија (1 стаклена вијала х 50 ml/кутија)
Индукција и одржување на општа анестезија
  • Применливо кај возрасни пациенти и педијатриски пациенти на возраст над 1 месец.
Седација при дијагностички и хируршки процедури
  • Применливо како монотерапија или во комбинација со локална или регионална анестезија, кај возрасни пациенти и педијатриски пациенти на возраст над 1 месец.
Седација на пациенти со вентилација

Propofol обезбедува позитивна модулација на инхибиторната функција на невротрансмитерот гама-аминобутерна киселина (GABA) преку GABA-A-рецепторите.

Индукција на општа анестезија
  • Препорачана доза на propofol e 40mg на секои 10 секунди, односно 1,5 - 2,5 mg/kg телесна тежина;
  • Вкупната доза може да се постигне со повеќекратна администрација на помали дози (20 - 50 mg/min).
  • За пациенти на возраст над 55 години, препорачана доза на propofol e 20mg на секои 10 секунди; 
  • За педијатриски пациенти на возраст над 8 години, препорачана доза на propofol e 2,5 mg/kg телесна тежина.
Одржување на анестезија
  • Препорачана доза на propofol администрирана во облик на континуирана инфузија е 4 - 12 mg/kg телесна тежина на час; 
  • Препорачана доза на propofol администрирана во облик на болус инјекција е 25 - 50 mg; 
  • За педијатриски пациенти на возраст над 1 месец, препорачана доза на propofol e 9 - 15 mg/kg/час.
Седација во одделите за интензивна нега
  • Препорачана доза на propofol е 0,3 - 4 mg/kg/час. 
Седација за дијагностички и хируршки процедури
  • Препорачана доза на propofol e 0,5 - 1 mg/kg телесна тежина, во времетраење од 1 - 5 минути за индукција на седацијата; за одржување на седацијата, се препорачува администрација на доза од 1,5 - 4,5 mg/kg телесна тежина на час. Доколку е потребно брзо зголемување на длабочината на седацијата, инфузијата може да се дополни со болус администрација од 10 - 20 mg propofol; 
  • Кај педијатриски пациенти на возраст над 1 месец, препорачана доза на propofol e 1 - 2 mg/kg телесна тежина за индукција на седацијата; за одржување на седацијата, се препорачува администрација на доза од 1,5 - 9 mg/kg/час. Доколку е потребно брзо зголемување на длабочината на седацијата, инфузијата може да се дополни со болус администрација од 1 mg/kg телесна тежина propofol.
  • Хиперсензитивност кон propofol;
  • Педијатриски пациенти под 16-годишна возраст, за седација во интензивна нега.
Рифампицин
  • Истовремената употреба на propofol со рифампицин може да го зголеми ризикот од појава на изразена хипотензија.
Депресанти на CNS
  • Истовремената употреба на propofol со депресанти на CNS може да го зголеми ризикот од појава на изразена седација.
Валпроат
  • Истовремената употреба на propofol со валпроат може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на propofol.

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на propofol за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со propofol.

Нема податоци.

Многу чести
  • Локална болка.
Чести
  • Мачнина, вомитус, транзиторна апнеа, хипотензија, брадикардија, главоболка.
Помалку чести
  • Тромбоза, флебитис.
Ретки
  • Епилептиформни движења (конвулзии и опистотонус).
Многу ретки
  • Анафилакса - ангиоедем, бронхоспазам, еритем и хипотензија, постоперативно губење на свеста, пулмонален едем, панкреатитис, дисколорација на урината, ткивна некроза, сексуална дисфункција, постоперативна треска.
Непознато
  • Brugada-тип-ЕКГ, пријапизам, локална болка, едем, ренална инсуфициенција, рабдомиолиза, хепатомегалија, респираторна депресија, кардијална аритмија, кардијална инсуфициенција, неволни движења, еуфорија, злоупотреба на лекот / зависност од лекот, метаболна ацидоза, хиперкалиемија, хиперлипидемија.
Симптоми
  • Кардиореспираторна депресија.
Третман
  • Механичка вентилација; 
  • Администрација на плазма-експандери и лекови за контрола на крвниот притисок.

Не се препорачува возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:N01AX10
Генерично име:propofol
Латинично име:Propofol emulsion for injection or infusion
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:10 mg/mL емулзија за инјектирање или инфузија (1 стаклена вијала х 50 ml/кутија)
Производител:Б.Браун Адриа д.о.о. Загреб, Претставништво
Носител на одобрение:B.BRAUN MELSUNGEN AG, Мелсунген, Германија