Комплицирани инфекции на кожата и на меките ткива
Комплицирани интраабдоминални инфекции
Tigecycline претставува глицилциклик кој ја инхибира протеинската синтеза во бактериската клетка преку механизам на врзување за 30Ѕ рибозомската субединица и блокирање на влезот на молекулите на амино-ацил-tRNA во рибозомите. Со ова се спречува инкорпорирањето на аминокиселинските резидуи во елиндираните пептидни ланци и се спречува синтезата на протеините.
Препорачана иницијална доза на tigecycline e 100mg, a потоа се продолжува со администрација на доза од 50mg на секои 12 часа, во период од 5 - 14 дена.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Препорачана доза на tigecycline кај педијатриски пациенти на возраст од 8 - 12 години е 1,2 mg/kg телесна тежина на секои 12 часа, администрирана интравенски, до максимална доза од 50mg на секои 12 часа, во период од 5 - 14 дена;
- Препорачана доза на tigecyclin кај адолесценти на возраст од 12 - 18 години е 50mg на секои 12 часа, во период од 5 - 14 дена.
Пациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено хепатално оштетување;
- Препорачана доза на tigecycline кај пациенти со тешко хепатално оштетување е 25mg на секои 12 часа, администрирана по ударната доза од 100mg.
Поради можност од појава на вртоглавица, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.