Лек: Ко-Амлеса

  • ATC код:C09BX01
  • Компанија:КРКА - ФАРМА дооел
  • Доза:4mg / 10mg / 1,25mg таблети
Есенцијална хипертензија
Perindopril
  • Perindopril претставува АКЕ-инхибитор, односно инхибитор на активноста на ензимот ангиотензин конвертаза - ензим кој учествува во конвертирањето на ангиотензин I во ангиотензин II. АКЕ-инхибицијата резултира со намалување на серумските нивоа на ангиотензин II, а со тоа доаѓа до зголемување на ренинската активност (преку инхибиција на негативната повратна спрега на ослободување на ренин и на секрецијата на алдостерон). Ова води до манифестација на антихипертензивен ефект. 
Amlodipine
  • Amlodipine претставува периферен артериски вазодилататор, блокатор на калциумови канали од групата на 1,4-дихидропиридини, кој делува директно на васкуларната мазна мускулатура, преку механизам на инхибиција на инфлукс на калциумовите јони во клетките на васкуларната мускулатура и кардијалната мускулатура, врзувајќи се за дихидропиридинските и не-дихидропиридинските резидуи на клеточните мембрани. 
Indapamide
  • Indapamide претставува инхибитор на Na+/Cl--котранспортерот сместен во проксималниот сегмент на дисталните тубули, а оваа инхибиција резултира со намалена реапсорпција на натриумови јони на ниво на дисталните тубули. Како последица на тоа, натриумовите јони и водата се задржуваат во луменот на нефроните со цел нивна уринарна екскреција. Резултатот на ова дејство е намалување на крвниот волумен и намалување на крвниот притисок. 

Препорачана доза на perindopril, amlodipine, indapamide e 1 таблета дневно.

  • Хиперсензитивност кон perindopril
  • Хиперсензитивност кон amlodipine
  • Хиперсензитивност кон indapamide
  • Историја на ангиоедем по администрација на други АКЕ-инхибитори; 
  • Хередитарен или идиопатски ангиоедем; 
  • Втор и трет триместар од бременоста; 
  • Истовремена употреба на лекови кои содржат алискирен кај пациенти со дијабетес мелитус или ренална инсуфициенција (GFR < 60 mL/min/1,73m^2); 
  • Истовремена употреба на сакубитрил / валсартан;  
  • Екстракорпорални третмани кои доведуваат до контакт на крвта со негативно-наелектризирани површини; 
  • Значителна билатерална стеноза на реналната артерија или стеноза на артеријата до еден функционален бубрег; 
  • Тешка хипотензија; 
  • Шок / кардиоген шок; 
  • Опструкција на излезниот тракт на левата вентрикула (висок степен на аортна стеноза); 
  • Хемодинамски нестабилна кардијална инсуфициенција како последица на акутен миокарден инфаркт.
Сакубитрил / валсартан
  • Истовремената употреба на perindopril, amlodipine, indapamide со сакубитрил или валсартан е контраиндицирана поради зголемен ризик од развој на ангиоедем. 
Диуретици кои штедат калиум и суплементи кои содржат калиум
  • Истовремената употреба на perindopril, amlodipine, indapamide со диуретици кои штедат калиум (на пр. спиронолактон, триамтерен или амилорид) или суплементи кои содржат калиум може да резултира со развој на хиперкалиемија.
Лекови кои предизвикуваат хиперкалиемија
  • Истовремената употреба на perindopril, amlodipine, indapamide со алискирен, соли на калиум, диуретици кои штедат калиум, други АКЕ-инхибитори, ангиотензин II-рецепторни антагонисти, НСАИЛи, хепарини, имуносупресиви како циклоспорин или такролимус или триметоприм може да резултира со хиперкалиемија. 
Алискирен
  • Истовремената употреба на perindopril, amlodipine, indapamide со алискирен може да резултира со хиперкалиемија, влошување на реналната функција и кардиоваскуларен морбидитет и морталитет.
Естрамустин
  • Истовремената употреба на perindopril, amlodipine, indapamide со естрамустин може да го зголеми ризикот од појава на несакани ефекти, како ангионевротски едем (ангиоедем). 
Литиум
  • Истовремената употреба на perindopril, amlodipine, indapamide со литиум може да резултира со реверзибилно зголемување на плазматската концентрација на литиум и потенцирање на неговите токсични ефекти.
Антидијабетици (инсулини, oрални антихипергликемици)
  • Истовремената употреба на perindopril, amlodipine, indapamide со андијабетици како инсулин и некои орални антихипергликемици може да резултира со хипогликемија.
НСАИЛи
  • Истовремената употреба на perindopril, amlodipine, indapamide со НСАИЛи може да резултира со влошување на реналната функција, акутна ренална слабост и хиперкалиемија.
Антихипертензиви и вазодилататори
  • Истовремената употреба на perindopril, amlodipine, indapamide со други антихипертензиви или вазодилататори може да резултира со потенцирање на антихипертензивниот ефект на овие лекови. 
Трициклични антидепресиви, антипсихотици и анестетици
  • Истовремената употреба на perindopril, amlodipine, indapamide со некои трициклични антидепресиви, антипсихотици или анестетици може да резултира со значителна хипотензија.
Симпатомиметици
  • Истовремената употреба на perindopril, amlodipine, indapamide со симпатомиметици може да резултира со намалување на антихипертензивниот ефект на perindopril
Злато
  • Истовремената употреба на perindopril, amlodipine, indapamide со злато може да резултира со манифестација на т.н. нитритоидна реакција, која се манифестира со црвенило на лицето, наузеа, вомитус и хипотензија.
Екстракорпорални третмани
  • Употребата на perindopril, amlodipine, indapamide за време на спроведување на екстракорпорални третмани кои доведуваат до контакт на крвта со негативно-наелектризирани површини како што се дијализа или хемофилтрација со одредени мембрани со висок флукс може да резултира со појава на тешки анафилактоидни реакции.
Рацекадотрил
  • Истовремената употреба на perindopril, amlodipine, indapamide со рацекадотрил може да го зголеми ризикот од развој на ангиоедем. 
mTOR-инхибитори (сиролимус, еверолимус, темзиролимус)
  • Истовремената употреба на perindopril, amlodipine, indapamide со mTOR-инхибитори, како што се сиролимус, еверолимус или темзиролимус може да го зголеми ризикот од развој на ангиоедем. 
Котримоксазол
  • Истовремената употреба на perindopril, amlodipine, indapamide со котримоксазол може да го зголеми ризикот од развој на хиперкалиемија.
Циклоспорин
  • Истовремената употреба на perindopril, amlodipine, indapamide со циклоспорин може да го зголеми ризикот од развој на хиперкалиемија.
Хепарин
  • Истовремената употреба на perindopril, amlodipine, indapamide со хепарин може да го зголеми ризикот од развој на хиперкалиемија.
Дантролен
  • Истовремената употреба на perindoprilamlodipine, indapamide со дантролен може да го зголеми ризикот од појава на хиперкалиемија. 
Инхибитори на CYP450 3A4
  • Истовремената употреба на perindoprilamlodipine, indapamide со инхибитори на CYP450 3A4 може да резултира со значително зголемување на плазматската концентрација на amlodipine и да го зголеми ризикот од појава на хипотензија. 
Индуктори на CYP450 3A4
  • Истовремената употреба на perindoprilamlodipine, indapamide со индуктори на CYP450 3A4 може да резултира со значително намалување на плазматската концентрација на amlodipine.
Такролимус
  • Истовремената употреба на perindoprilamlodipine, indapamide со такролимус може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на такролимус.
Симвастатин
  • Истовремената употреба на perindoprilamlodipine, indapamide со симвастатин може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на симвастатин.
Баклофен
  • Истовремената употреба на perindopril, amlodipine, indapamide со баклофен може да го зголеми ризикот од развој на ангиоедем. 
Сок од грејпфрут
  • Истовремената употреба на perindoprilamlodipine, indapamide со сок од грејпфрут може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на amlodipine.
Бременост
  • Не се препорачува употреба на perindopril, amlodipine, indapamide за време на бременост. 
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со perindopril, amlodipine, indapamide.

Нема влијание.

Ретки
  • Хипербилирубинемија, покачени серумски нивоа на хепаталните ензими, акутна ренална инсуфициенција, анурија / олигурија, влошување на симптомите на псоријаза, црвенило, синдром на несоодветна секреција на антидиуретичен хормон.
Многу ретки
  • Ринитис, леукопенија / неутропенија, агранулоцитоза, панцитопенија, тромбоцитопенија, хемолитичка анемија, хиперсензитивност, хипергликемија, конфузија, хипертонија, периферна невропатија, цереброваскуларни настани, ангина пекторис, миокарден инфаркт, аритмија, брадикардија, вентрикуларна тахикардија, атријална фибрилација, васкулитис, еозинофилна пневмонија, гингивална хиперплазија, панкреатитис, гастритис, хепатитис, иктерус, цитолитичен или холестатски хепатитис, зголемени серумски нивоа на хепаталните ензими, Quincke-ов едем, ангиоедем на лицето, усните, мускозните мембрани, екстремитетите, глотисот и ларинксот, еритема мултиформе, фотосензитивни реакции, Stevens-Johnson-ов синдром, ексфолијативен дерматитис, зголемен хемоглобин и хематокрит. 
Непознато
  • Токсична епидермална некролиза, Raynaud's феномен, екстрапирамидални нарушувања.
Чести
  • Астенија, замор, мускулни спазми, едеми на глуждовите, пруритус, осип, егзантем, дијареа, констипација, диспепсија, вомитус, наузеа, абдоминална болка, диспнеа, кашлица, хипотензија, палпитации, вертиго, тинитус, визуелни нарушувања, диплопија, парестезија, дисгеузија, вртоглавица, главоболка, сомноленција.
Помалку чести
  • Ринитис, еозинофилија, хиперсензитивност, хипогликемија, хипонатриемија, инсомнија, промени во расположението, депресија, нарушување на сонот, дисгеузија, тремор, хипоестезија, парестезија, синкопа, палпитации, тахикардија, аритмија, хипотензија, васкулитис, кашлица, бронхоспазам, вомитус, сува уста, фацијален ангиоедем, ангиоедем на екстремитетите, устата, мукозните мембрани, јазикот, глотисот и ларинксот, алопеција, пурпура, обезбојување на кожата, хиперхидроза, пруритус, осип, уртикарија, фотосензитивност, пемфигоид, артралгија, мијалгија, болка во грбот, нарушено мокрење, ноктурија, полакиурија, ренално нарушување, еректилна дисфункција, гинекомастија, периферен едем, болка во градите, малаксаност, пирексија, обезност, намалување на телесната тежина, хиперурикемија, покачување на нивоата на серумски креатинин, падови.
Многу чести
  • Едем.
Симптоми
  • Прекумерна периферна вазодилатација, хипотензија, кардиоген шок, циркулаторен шок, електролитен дисбаланс, ренална инсуфициенција, хипервентилација, тахикардија, палпитации, брадикардија, вртоглавица, анксиозност и кашлица.
Третман
  • Интравенска администрација на калциум глуконат; 
  • Интравенска администрација на вазоконстриктор; 
  • Хемодијализа; 
  • Корекција на водено-електролитниот дисбаланс.

Поради можност од појава на хипотензија, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:C09BX01
Генерично име:perindopril, amlodipine, indapamide
Латинично име:Perindopril, amlodipine, indapamide tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:4mg / 10mg / 1,25mg таблети
Производител:КРКА - ФАРМА дооел
Носител на одобрение:KRKA Polska Sp.z.o.o., Варшава, Полска, TAD Pharma GmbH , Куксхавен, Германија, KRKA, d.d., Novo mesto (Шмајрешка цеста 6), Ново Место, Словенија